Руски остров кој ги води луѓето еден ден во иднината

Среде Беринговиот теснец се наоѓаат два острови. Еден од друг се оддалечени 4 км. Западниот остров е Ратмановиот остров (Голем Диомед). Се работи за најисточната точка не само на Русија, туку и на целиот европски континент. Источно е Крузенштерновиот остров. Тој им припаѓа на Соединетите Американски Држави.

По средината на теснецот меѓу островите поминува не само државната граница, туку и меѓународната датумска граница.

Ако се качите на брод на американскиот остров во сабота во три часот попладне, поминете четири километри и се симнете на рускиот остров, ќе поминете во иднината за еден ден. На Ратмановиот остров веќе ќе биде недела напладне.

Од 1989 година е на сила договорот меѓу Русија и САД за безвизен режим за локалното население кое патува од едниот остров до другиот. Меѓутоа, на такви излети не оди речиси никој. Мнозинството население на Ратмановиот остров е префрлено на континентот, а на островот сега се наоѓаат воена база и пограничната служба.

На американскиот остров, во населбата Диомед живеат околу 135 луѓе и во неа има училиште и продавница. Во студените месеци сите неопходни нешта се доставуваат со хеликоптер.

Прочитајте повеќе: На самиот крај на светот: Животот на границата помеѓу Русија и САД

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња