Смарагдниот рај наречен Монерон

Островот Монерон се наоѓа на 50 километри јужно од големиот далекоисточен остров Сахалин. Малиот хотелски комплекс кој е внимателно сместен меѓу смарагдните брекчиња на самиот брег на заливот, не го расипува впечатокот за тоа дека овој остров не е допрен од цивилизацијата. Извор: strana.ru.

Островот Монерон се наоѓа на 50 километри јужно од големиот далекоисточен остров Сахалин. Малиот хотелски комплекс кој е внимателно сместен меѓу смарагдните брекчиња на самиот брег на заливот, не го расипува впечатокот за тоа дека овој остров не е допрен од цивилизацијата. Извор: strana.ru.

Малиот руски тихоокеански остров Монерон делува како зелена капка рај во синото пространство: кристално чиста вода, буен подводен живот, мали хотелски комплекси, сликовити водопади во смарагдните брда и птици и риби кои се толку ненавикнати на цивилизацијата што не се ни плашат од луѓето. Островот е сон за многу туристи, но бројот на луѓе кои во текот на годината можат да заминат таму е строго ограничен.

Гледано од страна на морето рускиот остров Монерон потсетува на сликовит пејзаж од телевизиската серија „Изгубени“. Островот е толку малечок, што со чамец може да се обиколи за половина час, додека пеш ќе ви бидат потребни 5 до 6 часа, доколку се искачиме на највисоката точка на островот, ридот Старицки (440 метри).

 

Сепак овој рај за фотографите привлекува голем број патници кои се подготвени да поминат долг и напорен пат од островот Сахалин преку водата на Татарскиот теснец.

Пат до островот

Фоки од островот Монерон

Патувањето кон Монерон започнува од пристанишниот град Невељск. Врската со островот се одржува со помош на локална флотила од морски чамци. Од брегот на Сахалин до заливот на Монерон има нешто повеќе од триесет морски милји, односно околу 50 километри, но брзината на мал глисер против морската струја не може да достигне нити 10 јазли (18 километри на час). Ве чекаат три ласа возбудливо возење со глисер по водите на Татарскиот теснец, и тоа доколку ви се погоди времето. Дури и самото навестување на бура го зголемува траењето на патот за двапати. Пред оние што ќе стасаат на Монерон се отвора поглед на залив, небаре гледате разгледница.

Единствениот морски парк на природата во Русија

Хотелскиот комплекс на островот Монерон. Управата на островот намерно го ограничува бројот на туристи, со цел да ја зачува недопрената природа.

Погранична зона

Островот се наоѓа на погранична зона и со самото тоа е под заштита на Федералната служба за безбедност на Русија. За добивање посебна дозвола од пограничните служби за посета на оваа област ќе ви бидат потребни од еден до неколку месеци. Но, фирмите што организираат туристички тури на Монерон се подготвени наместо вас да се занимаваат со бирократските процедури.

Дури и малиот хотелски комплекс кој е внимателно сместен меѓу смарагдните брекчиња на самиот брег на заливот, не го расипува впечатокот за тоа дека овој остров не е допрен од цивилизацијата. Удобните хотелски бунгалови можат да примат најмногу 20 лица. Поголеми туристички групи неизбежно би ја нарушила природната еколошка рамнотежа на овој остров.

Токму поради тоа бројот на туристи кои го посетуваат островот е релативно мал, ни изјави Наталија Круглова, водич и еколог: „Монерон е вистински морски парк на природата во Русија. Минатата година за време на целата сезона угостивме околу илјада лица. Овој број нема значително да се зголеми, зашто не сакаме да ја уништиме уникатната природа на островот.“

Рај за фотографите и за екотуристите

Морето околу Монерон е сон на секој подводен фотограф, провидно е како најрафиниран кристал.

Стотици ретки птици безгрижно живеат на камењата покрај брегот, а ниту тукашните риби не се плашат од луѓето. Тревата на Монерон во летните месеци достигнува висина на човек. Рајската слика ја надополнува и сликовитиот водопад, чии слапови паѓаат од висина од петнаесетина метри.

Како да направите резервација

Можете да направите резервација за посета на островот од еден или два дена, а исто така и сместување за една недела. Патувањето на островот во рамките на аранжманот за Сахалин можете да го направите во туристичката агенција „Travel-Sakhalin“. Преку агенцијата „Adrenaline tour“можете да резервирате соба во хотелот на островот (за престој подолг од 2 дена).

Но, можеби најголемата вредност на Монерон е подводниот свет. Еколозите првенствено се трудат да ја сочуваат токму морската фауна на островот. Некои од тукашните жители не живеат на ниту едно друго место во Русија. За тоа постои научно, но сепак изненадувачко објаснување: малиот ненаселен остров Монерон е единствен во целиот архипелаг кој се наоѓа на патот на тесниот топол тек на Цушимската струја (дел од Курошио струјата) која доаѓа од југ од суптропските предели. Затоа во беспрекорно чистата вода околу Монерон безгрижно живеат ретки видови животни како што се морските полжави Абалона („морско уво“), морски ежови со малку боцки, морски краставици и други егзотични животни. Морето околу Монерон е сон за секој подводен фотограф. Проѕирна е како најрафиниран кристал. Дното може да се види од површината и на длабочина од неколку метри. Оние ретки среќници кои престојувале тука, од сè срце сакаат повторно да го посетат Монерон.

Рускиот текст на порталот strana.ru. Фотографии: strana.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња