Магазинот „Тајм“ (TIME) ја објави својата годишна листа на најдобрите места на светот кои треба што побргу да се посетат. Меѓу 100 дестинации се наведени кафулиња, паркови и музеи ширум светот. Тука е и московскиот парк „Зарјадје”, отворен во септември 2017 година.
„Паркот опфаќа концертна сала, ледена пештера и мост во форма на бумеранг преку реката Москва“, пишува „Тајм“. Магазинот исто така пишува дека „Зарјадје“ не е засноват врз советската традиција, туку дека го претставува новото лице на Русија.