Седум ѕвезди на советската архитектура кои малкумина ги имаат видено одблиску

Патувања
RUSSIA BEYOND
Многу мал број на луѓе во Русија имале можност одблизу да ги видат ѕвездите високи пет метри на врвот на седумте московски облакодери познати како „Седумте сестри“.

Седумте сестри се седум московски облакодери изградени во сталинистички стил.

Терминот „Седумте сестри” Русите не го користат, ниту пак Московјаните го разбираат. Тие ги викаат „Облакодерите“ (Высотки) или „Сталиновите облакодери” (Сталинские высотки). 

Облакодерите се подигнати во периодот од 1947 до 1953 година во комбинација од советски барок и готски стил, технологијата која е користена при изградбата на американските облакодери.

Седумте величествени се: Radisson Royal Hotel (поранешен Хотел „Украина”), облакодерот на Котељнически кеј, зградата на Кудринскиот плоштад, Hilton Leningradskaya Hotel, Министерството за надворешни работи, главната зграда на Московскиот државен универзитет и административно-станбената зграда на Плоштадот „Црвена капија“ (Площадь Красные ворота). 

Ѕвезди има на само шест од седумте „сестри“, затоа што се покажа дека врвот на зградата на Министерството за надворешни работи е преслаб да ја носи оваа тешка инсталација.

Во планот за изградба имаше уште два облакодера, но никогаш не се изградени. Тоа требало да бидат административна зграда во реонот „Зарјадје“ и Дворецот на Советите.  

Фотографот Сергеј Шумилов и пилотот Данил Ананиев одлучија да ги фотографираат познатите ѕвезди користејќи професионален октокоптер (вид дрон) ДЈИ DJI Spreading Wings S1000 со монтиран фотоапарат Sony Nex-5R. 

Прочитајте повеќе: „Пламени зори ме будат од сон“: Како советскиот народ изгради нова држава