Повеќето нуркачи го бараат фантастичниот подводен свет на флората и фауната, а она што лежи под Бајкалот спаѓа, секако, во една од тие категории.
Проѕирноста на Бајкалот е импресивна: низ мразот гледате како преку чаша, што исто така придонесува и за создавање на специфични фотографии. Андреј Некрасов
„Еднаш видов како еден од ѕидовите на ледената пештера буквално се распадна еден миг откако последниот нуркач од нашата група исплива оттаму“, вели Некрасов. Андреј Некрасов
Мразот е секогаш во движење и тие поместувања можат да бидат опасни. Андреј Некрасов
Мразот е полн и со мали ритчиња кои настанале на површината на Бајкалот. Андреј Некрасов
Кога еден метар мраз се наоѓа под вашите нозете, можете да возите автомобил по површината на мразот. Андреј Некрасов
Ако не можете да се одлучите дали треба да го посетите Сибир зиме, тогаш нуркање под бајкалскиот мраз е нешто што би можело да ве наговори. Андреј Некрасов
Бајкалското езеро, најголемото езеро на светот, зиме се претвора во ледено кралство. Андреј Некрасов
„Мраз, мраз и само мраз. 30 квадратни километри мраз! Без оглед на тоа дали патуваш 30 или 300 километри по површината на Бајкалот, пред тебе секогаш има само мраз!“, вели Андреј Некрасов, украински фотограф, новинар, сеќавајќи се на своето бајкалско сафари од 2011 година. Андреј Некрасов
Некрасов ги има истражено повеќето подводни дестинации, но инсистира на тоа дека Бајкалот има нешто што други места го немаат. Андреј Некрасов
„Ледените ремек-дела на скулпторите се нешто извонредно, но сепак не можат да се мерат со она што овде ќе го направи самата природата“, вели Некрасов. „Нејзините дела се главно апстрактни, но уметникот не е ништо помалку талентиран“, вели тој. Андреј Некрасов
Потопло е под мразот, таму е околу 0 степени Целзиусови, што воопшто не е лошо со оглед на температурата на копно: -20 степени Целзиусови. Андреј Некрасов
Подводниот живот на Бајкалот не е ништо помалку див од оној во тропските мориња. На среќниците може дури и да им појде од рака да го видат реткиот вид на бајкалска фока. Андреј Некрасов
Бајкалот е целосно замрзнат единствено во средината на јануари. Локалните жители препорачуваат нуркачко сафари во март, кога мразот е најцврст. Андреј Некрасов