Кондуктерка од Санкт Петербург дава бесплатни градски тури на својата линија

Наталија Солонцова

Наталија Солонцова

Како би реагирале ако кондуктер во јавен превоз одеднаш почне да ви објаснува за знаменитостите на градот?

Наталија Солонцова, 54-годишна, беше обична кондуктерка на автобуската линија 24, сѐ додека еден ден, земајќи длабок здив, не соопшти: „Патуваме по една од најживописните линии на Санкт Петербург. Се возиме низ целиот градски центар - Невскиот Проспект. Погледнете низ прозорецот, можете да видите многу познати места“. Оттогаш нејзиниот работен ден е проследен со приказните кои таа им ги кажува на патниците за зградите и обележјата покрај кои поминуваат.

Таа отсекогаш го сакала нејзиниот роден Санкт Петербург. Откако се уморила од работата во канцеларија, решила да го промени својот живот и да најде работа како кондуктерка. „Работењето во автобус значи движење и постојана комуникација со луѓето“, изјави Наталија за локалниот информативен сајт Sobaka.ru (линк на руски).

Наталија најпрвин била шокирана од тоа колку груби биле многумина Руси спрема кондуктерите, но таа се насмевнала и им посакала добар ден, а тие станале попријателски расположени спрема неа. Таа го сака чувството на слобода што ѝ го носи нејзиниот работен ден.

Сега таа добива многу малку негативни емоции од патниците - имало само неколку случаи кога луѓето ја коригирале за мали фактички работи или почнале да се расправаат за некои прашања. „Но, тоа е без каква било агресија - петербуржците сакаат да зборуваат за градот".

Секој пат кога Наталија се обидува да додаде некои интересни детали и приказни; таа постојано ги чита и препрочитува книгите за градот: една од нејзините омилени е расказот на Гогољ „Невскиот проспект“, бидејќи „ја доловува неверојатната атмосфера“.

Наталија не го смета она што го прави за нешто необично. Таа едноставно си ја врши работата и се обидува да го направи тоа на начин што ѝ носи нејзе - и на нејзините патници - задоволство.

Прочитајте и за најпознатиот кондуктер од Санкт Петербург

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња