7 чудни, но реални копии на руски знаменитости во странство

Кремљ во Анталија, Турција

Кремљ во Анталија

Замислете, вие сте Русин и го сакате Кремљ, но сакате да одите на одмор во Турција. Овој хотел во округот Кунду во Анталија ја решава вашата дилема: на Русите дефинитивно нема да им недостасува дома тука.

„Го изградивме WOW „Кремљ палас“, инспириран од оригиналот во Русија, за да ви дадеме можност да ја почувствувате прекрасната атмосфера и да го откриете домот на руските цареви“, пишуваат на сајтот сопствениците на хотелот.

Освен копијата на Кремљ и на храмот на Василиј Блажени со базен, гостите можат да уживаат во малиот Бољшој театар, Историскиот музеј и други згради во руски стил. 

Бољшој театар, Сороки, Молдавија 

Малиот град Сороки во Молдавија се наоѓа во близина на украинската граница. Повеќето од нејзините жители се Цигани кои градат луксузни куќи тука. И овие згради привлекуваат туристи од целиот свет. Само овде можe да се видат Белата куќа, Исакиевскиот собор и Бољшој театарот на едно место. 

Храмот Благовештение, Пекинг, Кина 

Кина е позната по тоа што прави добри копии. Во 2013 година кинеските програмери одлучија да изградат деловен комплекс во Мундугу (околу 30 километри од Пекинг) инспириран од Кремљ. Една од четирите екстравагантни згради е метеоролошкото биро во Мантунг. Комплексот потсетува на Кремљ со своите златни куполи, засводени прозорци и бели ѕидови. Единствената разлика е недостатокот на крстови на куполите. 

Според извештаите на медиумите, локалните власти потрошиле речиси 30 милиони јуани (4,94 милиони долари) на овие објекти. 

Споменикот Мајка-татковина, Манжолс, Кина  

Манџули е на само околу 5 километри од руската граница. Не е изненадувачки што има многу руски туристи кои можат да видат десетици копии на руски споменици. Меѓу нив е познатиот „Бронзен коњаник“ (Санкт Петербург), 30-метарската статуа на „Мајката-татковина“ (Волгоград), „Работник и колхозничка“ (Москва). Исто така постојат и неколку споменици на руски класици: Александар Пушкин, Иван Тургенев, Александар Островски. Тие не се точни копии, но скулптурниот парк изгледа импресивно. 

Плоштад Матрјошка, Манжолс, Кина 

Богатата колекција на најголемите светски матрјошки се наоѓа во истиот кинески град. Руските кукли тука се навистина големи: високи 25-30 метри. Вкупно има околу 200 руски кукли од различни големини, продавници и ресторани во комплексот. Тука исто така можете да го видите Музејот на уметност во Русија и копија од хотелот „Москва“. Овој хотел веќе не постои во Русија и единствената шанса да се види е во Кина. 

Вселенска станица „Мир“, Руст, Германија 

Уште еден познат културен тематски парк беше изграден во германскиот град Руст. Ова е паркот „Европа“ со вселенската станица „Мир“, копија од центарот за обука на руските космонаути. Постои голема изложба и целиот ентериер на вселенското летало внатре во зградата. Другите интересни павилјони ја вклучуваат руската железничка станица и руско село каде што посетителите можат да ги научат традиционални занаети и дури и да возат санки. 

Мал театар, Киркенес, Норвешка 

„Мал театар“ ќе стане главната атракција на „Русија дом“, кој е планирано да биде отворен во текот на летото 2018 година во норвешкиот град Киркенес. Според официјалната веб-страница на проектот ќе биде прикажан познатиот балет „Лебедово езеро“, „додека се служат најдобрите јадења на руската кујна“. 

Според информациите на норвешките медиуми, овој проект е на локалниот претприемач Коре Танвик кој им нуди на посетителите да се потопат во руската култура, без да ја минуваат руската граница (која се наоѓа на само 15 минути со автомобил од градот).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња