Олимписки викенд

Напорите на руските лизгачи на мраз го донесоа првото злато за репрезентацијата на Русија во Сочи. Извор: Ројтерс

Напорите на руските лизгачи на мраз го донесоа првото злато за репрезентацијата на Русија во Сочи. Извор: Ројтерс

Руската репрезентација во уметничко лизгање извојува блескава победа во екипните натпреварувања. За останатото првите денови од Олимпијадата беа мошне дискутабилни: такви ги направи неочекуваната бронза на Ољга Граф во брзо лизгање и исто толку неочекуваниот неуспех на руските натпреварувачи во скијачките дисциплини.

8 февруари 

Првиот ден за медали на Олимпијадата не стана триумфален за руската репрезентација. Но, ова не се однесува на спортистите од уметничкото лизгање: според резултатите од првите пет вида на екипниот турнир Русија беше на прво место. Татјана Волосожар и Максим Трањков станаа победници во кратката програма на спортските двојки, Евгениј Пљушченко го зазеде првото место во поединечното натпреварување за мажи, пред Јапонецот Ханју, танцувачкото дуо Боброва-Соловјов го зазедоа третото место зад Американците и зад Канаѓаните. Младинската шампионка на Европа 15-годишната Јулија Липницкаја, која настапи во поединечната конкуренција за жени, лизгаше блескаво и го освои првото место, пред соперниците како што се Каролина Костнет (Италија) и Мао Асаду (Јапонија). Треба да се одбележи дека екипниот турнир во уметничко лизгање е новина на Олимписките игри во Сочи. 

Во другите видови спортови не беше сè така едноставно. Санкачот Аљберт Демченко според резултатите на првите два настапи се наоѓаше на второто место, зад Германецот Феликс Лох кој беше побрз за 0.3 секунди. 

Саботата беше драматична и за рускиот биатлонист Антон Шипулин. Тој го зазеде четвртото место во спринт на 10 километри, за медала му недостасуваше само една секунда. Прв победник на сочинските Игри во биатлон стана најискусниот Норвежанец Уле Ејнар Дорндален. 

Незадоволни од себе во овој ден останаа и руските спортисти во брзо лизгање Иван Скобрев и Денис Јусков, кои не добија медали во трките на 5.000 метри. Целиот почесен подиум во оваа дисциплина го зазедоа Холанѓаните: Свен Крамер, Јан Блокхејсен и Јорт Бергсма. Јусков беше шести (6 минути и 19 секунди), Скобрев седми (со 0.3 секунди повеќе). Последниов им порача на навивачите да не очајуваат: „Пред нас се уште многу трки, има шанса за медал. Мислам дека сме обврзани да добиеме неколку медали на оваа Олимпијада“. 

Иван Скобрев често се појавува на телевизиските екрани во Русија, сепак е могул, но за поголемиот број Руси тој е апсолутна загатка. На овој фон 8 место за Русинката Регина Рахимова може да се смета за одличен резултат. Во првата тројка влегоа две претставнички на Канада и една Американка. 

9 февруари 

Недела беше многу побогата за Русите, за разлика од првиот ден на Олимписките игри. Ова пред сè се должи на триумфот на екипните натпреварувања во уметничко лизгање, каде напорите на руските лизгачи на мраз го донесоа првото злато за репрезентацијата на Русија во Сочи. Победата на Русија беше очигледна уште пред завршувањето на натпреварувањето. Најдобро од сите во слободната програма лизгаа Евгениј Пљушченко и Јулија Липницкаја, а исто така и Ксенија Столбова и Фјодор Климов. Танцувачката двојка Иљиних-Кацалапов го освои третото место. Пљушченко ум се заблагодари на своите навивачи за поддршката и подвлече дека „екипните натпреварувања во уметничкото лизгање имаат добра иднина“. 

Првиот медал на домашните олимписки игри за репрезентацијата на Русија воопшто не беше една од категориите кои се полагаа надежи. Спортистката во брзо лизгање Ољга Граф сосема неочекувано го освои третото место на 3.000 метри. Победата ја однесе Ирен Вјуср од Холандија. Медалот во оваа категорија е прва за Русија за последниве 20 години. 

Уште една награда за руската репрезентација донесоа биатлонистките: Ољга Вилухина го зазеде второто место во спринт на 7.5 километри. Без ниту една грешка во стрелањето, Русинката за 19.9 секунди изгуби од словачката спортистка Анастасија Кузмина. Тројката ја затвори Вита Семеренко од Украина, додека останатите руски спортистки се задоволија со скромни позиции: Јана Романова стаса на финишот дванаесетта, Ољга Зајцева дваесет и осма, а Екатерина Шумилова педесет и деветта. 

Во натпреварите на санкачите во поединечна категорија рускиот ветеран Аљберт Демченко на репрезентацијата на Русија ѝ донесе уште едно сребро. 41-годишниот спортист остана зад светскиот шампион Фелис Лох од Германија, кој без грешки ги мина сите 4 настапи. 

На снегот на 9 февруари беше жешко. Во машкиот скиатлон Русите Александар Легков и Максим Вилегжанин не успеаја да бидат достојна конкуренција на Дарио Колонје, Маркус Халнер и на Мартин Јонсуруд Сундбју. Кои ги зазедоа првите три места. На крајот Вилегжанин беше четврти, а Легков единаесетти, иако во трките тие покажаа сосема солидни резултати, влегувајќи во првата тројка. Но, Легков згазна на скијата, а потоа ја изгуби палката, што беше причина да не се покаже во најдобро светло. На Вилегжанин му попречи Норвежанецот Сундбју, кога ја стави ногата пред рускиот спортист, со што тој не можеше да избие напред. Репрезентацијата на Русија дури и протестираше против Сундбју, но тоа не помогна, зашто Норвежанецот доби само формално предупредување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња