Изложба Lada Granta
Владимир Песњa/SputnikСпоред податоците на аналитичката агенција „Автостат“, во Русија во 2023 година биле продадени над еден милион автомобили. Водечки модел на рускиот пазар (со повеќе од 30% од вкупната продажба), како и минатата година, беше веќе добро познатата руска LADA, која се произведува во фабриката на АвтоВАЗ во Тољати (Самарска област). Во исто време, сé поголема популарност стекнуваат сосема нови модели од Кина. Повеќето од нив се кросовери и теренски возила.
Најпродаваните автомобили во Русија во 2023 година се:
Lada Granta на Московскиот меѓународен саем за автомобили (ММАС-2018)
Станислав Красиљников/TASSLada Granta, еден од најевтините и најпознатите автомобили, се склопува во фабриката АвтоВАЗ во Тољати (Самарска област). Во 2023 година се продадени 195910 возила, односно 18,5% од вкупниот број продадени автомобили. Овој седан чини 7800-11000 евра, во зависност од конфигурацијата.
Кинескиот кросовер Haval Yolion во салонот за автомобили Favorit Motors во Москва.
Евгениј Одиноков/SputnikВторото место го зазеде кросоверот Haval Jolion со 55550 продадени автомобили.
Овој модел првпат беше претставен во 2020 година и брзо стана популарен.
Самиот бренд е кинески, но верзијата за Русија се склопува во фабрика во Тулската област, и тоа само моделот со погон на четири тркала, кој е многу ценет во Русија.
Цената се движи помеѓу 25000-30000 евра.
Новиот автомобил LADA Niva Travel во Санктпетербуршкиот дилерски салон на LADA.
Алексеј Даничев/SputnikЛегендарниот теренец „Нива“ се произведува во фабриката во Тољати од 1977 година. Во 2023 година Русите купија 46896 од овие „Ниви“.
Niva Travel е модерен теренец со погон на четири тркала и одлични перформанси надвор за теренско возење. Покрај тоа, тој е многу поевтин од странските теренци и чини околу 13000 евра.
Ова е модерен кросовер кој често може да се сретне во руските градови. Се прави во неколку верзии, па дури и во спортска. Купувачите ја фалат „Веста“ затоа што е просторна и има одличен сооднос цена-квалитет. Цената со фабрички опции е околу 15000 евра. Во 2023 година се продадени 41070 возила.
Кинески кросовер Chery Tiggo 7 Pro во градско возење
Legion MediaНовата верзија на популарниот кинески теренец Chery. Во 2023 година се продадени 41057 автомобили. Подобрувањата во споредба со претходната верзија се однесуваат на техничките карактеристики. Внатре има монитор со екран на допир и контролен панел. Цените во Русија започнуваат од 25000 евра.
Натпревар на теренци „Осенний кураж“ во Великолукскиот округ.
Кирил Сафонов/TASSТеренецот Niva со три врати е многу сличен на оригиналниот модел од советската ера. Во 2023 година се појавија 39008 среќни сопственици на овој класичен автомобил „за сите времиња“. Моделот чини околу 11000 евра и доаѓа само со рачен менувач.
Автомобил Coolray во продажен салон на кинеската компанија Geely automobile.
Александар Демјанчуk/TASSВо 2023 година беа продадени 38220 модели на овој кросовер. Во Кина се продава под името Binyue. Руските љубители на автомобили забележуваат во своите рецензии дека стартува без никакви проблеми на мраз од -30 степени Целзиусови и дека генерално зиме се однесува задоволително.
Кинескиот теренец Omoda C5 брзо се движи по градските улици.
Legion MediaОва е нов автомобил на рускиот пазар, доаѓа од Кина и е прогласен за најдобар компактен теренец во рамките на националната награда „Автомобил на годината 2023“.
Има футуристички дизајн, модерни технички карактеристики и релативно ниска цена - од 22000 евра.
Tiggo 4 pro во продажен салон на кинеската компанија Chery automobile.
Јуриј Смитјук/TASSВо 2023 година во Русија беа продадени 32936 автомобили од овој веќе добро познат SUV модел Chery Tiggo. Руските возачи ја нагласуваат високата сигурност и добрата динамика, но велат дека има крута суспензија. Цените започнуваат од 19000 евра.
Сосема нов кинески кросовер Geely Monjaro пред канцеларијата на официјалниот дилер.
Legion MediaНа крајот на листата е пространиот теренец Geely Monjaro. Во 2023 година се продадени 20423 автомобили. Цените започнуваат од 44000 евра.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче