- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Вакво решение за прв пат е имплементирано во 1964 година на станицата „Парк на Победата“. И во наредните 11 години (до 1972 година), Ленинград доби 10 такви станици на сината и на зелената линија.
Станиците од затворен тип овозможија поевтина и поедноставна градба, што во 1960-тите беше одлучувачки фактор. Беше поедноставно да се направат отвори од перонот во тунелот отколку да се проектира станичниот дел од тунелот. Покрај тоа, новите конструкции беа побезбедни за патниците.
Меѓутоа, нивното користење се покажа како покомплицирано. Не сите видови возови се приспособени на такви станици. Растојанието помеѓу вратата на вагонот мора да се поклопува со местото на овие таканаречени „хоризонтални лифтови“. Затоа различни типови возови сообраќаат на различни линии на петербуршкото метро. Впрочем, и одржувањето на тие „лифтови“ бара дополнителни трошоци.