Како СССР планираше да направи база на Месечината

Светлана Савушкина
Планот за колонизација на Земјиниот сателит беше развиен во 1962 година. Идната база на Месечината официјално се нарекуваше „Ѕвезда“ и „Колумбо“, а неофицијално „Барминград“, по името на авторот на проектот, конструкторот Владимир Бармин.

Беше планирано внимателно проучување на теренот со помош на автоматски апарати и лунарни ровери. После тоа, вселенските бродови требаше до избраното место да превезат објекти во вид на модули.

Владимир Бармин

Секој модул тежеше 18 тони, имаше дијаметар од 3,3 метри, а склопен беше долг 4,5 метри. Ако требаше да се расклопи на лице место, достигнуваше должина од 8,6 метри. Пробниот модел на овој модул беше ​​направен и тестиран во 1967 година.

Имаше вкупно девет модули: командно место, лабораторија, магацин, работилница, медицински пункт со спортска сала, кујна со трпезарија и три станбени одделенија за сместување на дванаесет лица.

По поставувањето на модулите беше планирано да се покријат со лунарна почва - реголит. Тоа би ја заштитило базата од радијација, колебањата на температурата и микрометеорити. Енергијата за „Ѕвезда“ требаше да ја обезбедува нуклеарен реактор.

Беше планирано излегувањата на површината за научни цели да се вршат во специјален лунарен воз, добро заштитен од влијанијата на околината. Тој ќе можеше да се движи со брзина од 5 километри на час и да оди на автономни тури во траење до 60 дена.

Амбициозниот проект на лунарната база никогаш не беше реализиран. Неговата цена од 50 милијарди рубљи (80 милијарди долари по тогашниот курс) беше превисока за СССР.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња