- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Може да се користи за превоз на патници или товар, но сите варијации се генерално многу слични и се дизајнирани за движење по мраз, мочуриште, снег, па дури и по водена површина.
„УЗОЛА“ се разликува од обичните автомобили по тоа што нема тркала, но и по начинот на управување.
Фабрички може да се инсталира обичен волан, иако во основната верзија управувањето се врши со џојстици, исто како во тенк. „Узолите“ се произведуваат и со бензински и со дизел мотор.
Теренецот за снег и мочуриште достигнува брзина од 60 км/ч по лош терен, а 5 км/ч во вода.
Вакво теренско возило, на пример, се користи како возило на брза помош во Јужно-Сахалинск за одење во непристапни подрачја по лошо време.
Опремено е со потребната медицинска опрема за транспорт, лекување и реанимација.
Векните (или „буханките“, како што ги нарекуваат во Русија) на гасеници се прават и за полицијата (на пример, еден таков теренец се наоѓа во непристапно подрачје на Краснојарскиот крај), за Министерството за вонредни состојби ( „Узола“ имаат спасувачите во Троицкиот административен округ на Москва) и за други ресори и државни служби.