Рускиот теренец „Предатор“ за снег и мочуриште: На што личи и за што служи?

Хищник
На Крајниот Север патиштата се апстрактна именка. Населбите се опкружени со тундра, мочуришта и други тешко проодни видови терен. Тоа е посебно карактеристично за Чукотка, најисточниот регион на Русија. Токму таму овој „снежно-мочуришен ровер“ е особено популарен. Возилото го конструираа стручњаци од Тјуменската област, а се склопува и тестира во близина на сибирскиот град Тоболск.

Теренецот „Хишчник“ (рус. „хищник“ – грабливец, предатор) има гуми со пречник од 1780 мм, т.е. „човечка висина“, и тие се под исклучително низок притисок. Дизел-моторите се од јапонско производство, додека оските се направени во Русија на база на камионот ГАЗ-66 или минибусот ГАЗ-2217 „Собољ“. „Хишчник“ може да се движи и по обични патишта, бидејќи габаритите му го дозволуваат тоа. За управување со ова возило е потребна дозвола за трактор.

Моделот има разни модификации. Наменет е за превоз на луѓе (6-14 лица) или товар по растресит снег, по мочурливо и меко земјиште. Внатре можат дури и да се наместат местата за спиење на топло.

На Чукотка, таквиот вид превоз станува особено актуелен зиме, кога мочуриштата замрзнуваат и кога се завеани зимските патишта.  

Намирниците, товарот и патниците овде најчесто се превезуваат од едно во друго населено место со каравани, бидејќи често дува виулица и се случува превозот да заглави и да остане во снегот и по неколку дена.

Што велите за едно возење во вакво чудо?  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња