Советски патнички автомобил „Москвич-412“. Се произведуваше во Москва во фабриката АЗЛК од 1967 до 1976 година и во Фабриката за автомобили во Ижевск од 1967 до 1997 година.
SputnikОвој неверојатен автомобил го направија стручњаците од локалниот Институт за проблеми на машинството.
„Москвич 412“ беше опремен со мал реактор наполнет со супстанции што акумулираат енергија. Водата стапуваше во хемиска реакција со нив. При таа реакција се ослободуваше водород и тој ја имаше погонската улога во моторот.
Подоцна реакторот беше вграден во „Жигули“ и „Волга“. Меѓутоа, овие модели не беа пуштени во сериско производство. Можни причини за неприфаќање на проектот се прекумерната потрошувачка на супстанции кои акумулираат енергија и проблемите со користењето слични автомобили во услови на суровата руска зима.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче