Зошто во Москва метрото е толку длабоко под земја?

Наука и технологија
АНА СОРОКИНА
Речиси сите станици на метрото во центарот на руската престолнина се наоѓаат длабоко под земја. Вкопани се до длабочина од 40, 50, па дури и 60 метри.

Московското метро е специфично по своите длабоки станици (над 20 метри), како во централниот дел на градот, така и на периферијата. Станицата „Парк на Победата“ се наоѓа на длабочина од 73 метри, „Марјина рошча“ на 72 метри, „Чеховска“ на 62, и „Сретенски булевар “ на 60 метри. Исклучок се првите станици изградени во 1930-тите: „Кропоткинскаја“ на 13 метри и „Александровски сад“ на 7 метри длабочина.

Изградбата на станици на мала длабочина е полесна и поевтина, но во центарот на градот во тоа време такво нешто не беше изводливо.

Прво, беше во тек интензивна урбанизација на Москва. Второ, „отворениот начин“ на градба е можен само на тврдо и суво земјиште, а центарот на Москва имаше многу подземни реки и земјата беше натопена со вода. И трето, на крајот на 1930-тите веќе беше очигледно дека станиците ќе имаат и функција на засолништа во случај на бомбардирање (подетално за тоа).

Денес, длабоките метро-станици се градат само таму каде што постои опасност од слегнување на земјиштето, меѓу другото и поради густата градба.

Некои станици на Големата кружна линија минуваат под многу прометни зони, па затоа мораа да бидат изградени на прилично голема длабочина. И покрај тоа, дури и модерните станици ја задржаа функцијата на засолниште.