Московското метро на архивски ФОТОГРАФИИ

Валентин Хухлаев/russiainphoto.ru
Московското метро е еден од најинтересните подземни музеи во градот, кој московјаните секојдневно го посетуваат и разгледуваат од 1935 година.

Првата линија на московското метро беше отворена на 15 мај 1935 година и имаше 13 станици. На фотографијата е станицата „Дворецот на Советите“ (денес „Кропоткинскаја“).

Првиот воз! И секако, портрети на Ленин и Сталин на ветробранското стакло.

Првите патници на метрото се градителите на метрото.

Беше престиж да се учествува во изградбата на метрото или да се работи во него. На сликата е службеничка на станицата.

Најинтересната забава се ескалаторите.

Се стои на десната страна, а на левата се поминува.

Во вагон на метрото.

На декорирањето на секоја станица се пристапуваше одговорно, како да е во прашање украсувањето на некаква подземна палата. Овде се монтираат раскошните мозаици на станицата „Киевскаја“.

А вакви барелјефи можат да се видат на станицата „Електрозаводскаја“.

Дури и мермерните клупи изгледаат како вистински уметнички дела.

А што велите за лустерите на станицата „Арбатскаја“?

Многу станици беа тематски. На пример, на станицата „Плоштад на револуцијата“ се поставени 76 скулптури на револуционери и „новите“ советски граѓани. Се смета дека триењето на муцката на скулптурата на песот со граничар носи среќа.

„Мајаковскаја“ е една од најубавите станици на метрото. Толку е убава што во неа денес се организираат дури и свадбени свечености!

Но, во текот на Втората светска војна „Мајаковскаја“ служеше како засолниште во случај на бомбардирање.

На станицата „Мајаковскаја“, Москва 1941.

„Студенческаја“ станица е една од ретките надземни станици на московското метро.

Метрото не служи само за превоз, туку и како место за читање. Порано можевте да видите луѓе со весници. И денес има патници со книга во рака (или со е-книга, односно таблет).

Покрај тоа, метрото е и вообичаено место за договорени средби и состаноци...

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња