- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На насипот на Чорнаја речка е преместена зградата на Императорското сиропиталиште. Овој објект од историско значење беше преместен од своето место за да се направи простор за нова градба.
Трикатната зграда тешка 3200 тони прво беше преместена 7 метри на запад, а потоа 45 метри на југ. Зградата од 1913 година се наоѓаше во центарот на парцела предвидена за градба. Во последните години објектот служеше како деловен простор, но бидејќи се работи за објект од историско значење, беше одлучено да не се урива.
Во Москва уште во 30-тите години на минатиот век беа преместени неколку згради, така што потребната технологија е позната одамна, но во Санкт Петербург беше применета за прв пат.
Фасадата на објектот беше зајакната со метална арматура, а под зградата беа излиени две плочи од армиран бетон. На горната беа прицврстени дигалки, а долната се користеше како „отскочна даска“. Конструкцијата се движеше по специјално поставени шини. Просечната брзина на движење беше 4 сантиметри во минута.
Кон крајот на 2025 година на ова место би требало да никне нов станбен комплекс.