Дали знаете дека советските подморници имаа базени?

Наука и технологија
БОРИС ЕГОРОВ
Но, не сите! Базен имаа тешките стратешки ракетни подморници од проектот 941 „Акула“ („Ајкула“). Тие морски чудовишта беа долги речиси 173 метри и широки 23 метри.

Базените во подморниците не беа големи. Имаа димензии 4х2 метри и длабочина од 2 метри. Се полнеа со свежа вода или солена морска вода што можеше да се загрее.

За рекреација и релаксација на членовите на екипажот покрај базен имаше и сауна, како и теретана, просторија за пушење и „живо катче“ со зелени украсни билки. Некои подморници имаа солариум и автомати за игра во просторот за одмор и релаксација.

Сите шест изградени подморници „Ајкула“ се повлечени од флотата, а три веќе се рециклирани.