СССР правеше свои спортски автомобили!

Milhouse35 (CC BY-SA 4.0)
Само еден модел ја надмина бариерата од 300 км/ч и разви брзина од 311.418 км/ч. Тоа беше „Пионер-2М“. Тој рекорд беше поставен во 1963 година и никогаш подоцна не беше соборен во Советскиот Сојуз.

Автомобилите од домашно производство најмногу развиваа брзина во границите од 200 км/ч.

Советските спортски автомобили дури настапуваа и на меѓународни натпревари, иако со променлив успех. На пример, во 1958 година, советската екипа го зазеде третото место на релито во Финска (Neste Rally Finland), а во 1971 година советските тркачи за прв пат учествуваа на кружната трка „24 часа Спа“ (24 Hours of Spa) во Белгија. Автомобилите „Москвич-412“ стигнаа на целта последни, но за волја на вистината, треба да се каже дека многу екипажи не стигнаа ни до целта.

„Пионер 2-М“ во 1963 година постави рекорд кој не беше надминат во СССР.

Советскиот болид „Пионер 2М“ во Музејот на стари автомобили во Рига.

„ГЛ-1“ беше направен во 1938 година. Се смета дека тоа е првиот советски спортски автомобил.

ГАЗ ГЛ-1

ГАЗ „Торпедо“ личи на ракета. Развиваше брзина од 190 км/ч и постави неколку рекорди на Советскиот Сојуз.

ГАЗ „Торпедо“ 1951.

ЗИЛ-112С во целост одговараше на техничките стандарди на Меѓународната автомобилска федерација и развиваше брзина од 270 км/ч.

ЗИЛ-112С, 1962.

„Победа-Спорт“ беше направен 1951 година специјално за линиски трки. Развиваше брзина од 191 км/ч.

„Победа-Спорт“, 1950-1951.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња