Кон крајот на 1919 година дивизион воздухоплови, во чиј состав се наоѓаа бомбардери „Иљја Муромец“, се наоѓаше во градот Сарапул, немо следејќи го развојот на настаните во Граѓанската војна. На Црвената армија итно ѝ требаше нов модел на бомбардер и врз основа на идејата на инженерот Владимир Александров беше формирана комисија за развој на проект за тежок авион. Овој проект започна во март 1920 година.
„Иљја Муромец“ 1915 година
Јавен доменНеколку членови на комисијата веќе имаа искуство со слични задачи, бидејќи во 1916 година учествуваа во тестирањето на масивниот „Свјатогор“ на конструкторот Василиј Слесарев, а до 1918 година ја проценија изводливоста на изградбата на голем модел на авион на фабриката „Ижорски“. Ова искуство штедеше време и ресурси.
„Свјатогор“
airwar.ruПри разгледувањето на шемата на идниот авион, комисијата одлучи да не ги копира постоечките авиони, туку да се обиде да најде понови и посовремени решенија. Борис Јурјев предложи да се изгради трокрилен авион. Таквата структура овозможуваше да се постигне многу компактно летало, што требаше да се одрази и на зголемувањето на носивоста. Тестирањата со моделот во големи размери беа извршени во воздушниот тунел на Московската виша техничка школа „Бауман“ и дадоа ветувачки резултати, па беше одобрена конфигурацијата на трокрилниот авион. Беше договорено новиот авион да се вика КОМТА, по името на комисијата што работеше на неговото конципирање (Комисија за тешка авијација).
Во кабината лесно можеа да се сместат десет лица. Беше планирано авионот да се користи како бомбардер со капацитет од 50 килограми бомби, иако никогаш не понесе оружје.
Првиот лет беше планиран за март 1922 година. Штом снегот почна да се топи, авионот беше донесен на пистата на скии. Првиот обид беше неуспешен. Откако ја достигна брзината на полетување, леталото потскокна, а кога повторно ја допре земјата, тркалото на опашката беше уништено.
По неколку промени и подобрувања на рамнотежата на авионот, есента 1923 година првиот лет го изврши пилотот А. С. Томашевски. Овој лет покажа некои проблеми со кормилото. Беа направени корекции и Томашевски конечно можеше да изведе полн лет кој опфаќаше круг околу аеродромот Ходимка во траење од 15 минути.
Во реалноста резултатите беа разочарувачки. Брзината не надминуваше 130 км/ч, а висината на летот не надминуваше 600 метри. Предностите на трокрилната конфигурација со краток распон не беа оправдани. Развојот на проектот беше прекинат пролетта 1924 година.
Единствениот довршен примерок на авионот беше испорачан на школата за летање „Стрељбо“ во Серпухово, каде што беше користен за обука.
И покрај неуспехот, работата на развојот на моделот КОМТА одигра значајна улога како обука за инженерите и стручњаците кои учествуваа во неговото конструирање. Ова летало го означи раѓањето на аеронаутичкото проектирање во новонастанатата руска социјалистичка држава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче