Јак-14, повоената едрилица на руските десантни сили

airwar.ru
Во првите години од мирот на советската војска ѝ требаше напредна едрилица способна по воздушен пат да пренесува тешка опрема и транспортни средства.

Првите амфибиски едрилици се појавија во Русија на почетокот на триесеттите години на минатиот век, кога специјализираната десантно-јуришна бригада под команда на П. И. Кузнецов беше префрлена во Русија. Гроховски ја создаде едрилицата Г-31 „Јаков Алкснис“ која можеше да превезе шеснаесет падобранци. Г-31 беше успешно тестирана во 1934 година. Меѓутоа, сериското производство на Г-31 не започна бидејќи военото раководство во тој момент сè уште немаше утврдено прецизен концепт за примена на таква техника.

Г-31 „Јаков Алкснис“

Втората светска војна беше поттик за понатамошен развој на десантни едрилици. За првпат во борбени дејствија беа користени од Германците. На 10 мај 1940 година 400 падобранци во 41 едрилица DFS 230 ја нападнаа и ја зазедоа белгиската тврдина Ебен-Емаел.

DFS 230 напуштен во Северна Африка, 1942 година.

Едрилиците беа развивани во бројни проектантски бироа, а во воените години во СССР беа направени неколку типови на овие авиони. Во првите повоени години во војската се појави потреба од понапредни едрилици кои ќе можат да пренесуваат оружје и тешки артилериски орудија по воздушен пат.

Летото 1947 година, на состанок во Кремљ, на дневен ред беа прашањата за модернизација на воздушно-десантните сили, како и варијанти на испорака на воена техника, вклучувајќи оклопни возила и тенкови.

Откако ги сослушал желбите на припадниците на десантните сили Сталин, според topwar.ru, предложил да се изградат потребните едрилици.

Во ноември 1947 година во фабриката за производство на авиони во подмосковскиот град Долгопрудни започна производството на авиони со ознака Јак-14. Првиот Јак-14 реализираше 31 лет во јануари 1948 година, а фабричкото тестирање беше завршено на 4 март.

Како авион-тегнач се користеше Ил-12, а врз основа на резултатите од тестирањето е забележано дека Јак-14 целосно одговара на својата намена, дека е стабилен и при влечење и при слободен лет, додека видливоста од пилотската кабина е одлична.

По одржаните државни тестирања кон средината на 1948 година, Јак-14 е препорачан за сериско производство. Треба да се каже дека во текот на тестирањата бил натоварен со најразновидно вооружување и опрема на Воздушно-десантните сили, како, на пример, противтенковски топ со калибар 57 мм со ГАЗ-67Б, топ со калибар 76 мм со ист тегнач, противавионски топ со калибар 37 мм, хаубица со калибар 122 мм, минофрлач со калибар 160 мм со ГАЗ-67Б, камион ГАЗ-51 и најтешкиот за една едрилица товар, самоодно артилериско орудие АСУ-57.

Предната карго врата на авион Јак-14

Големината на товарниот отсек на овој авион даваше можност за непречено распоредување на сите споменати транспортни средства.

Јак-14 играше важна улога во Советскиот Сојуз во 1950-тите, бидејќи не постоеше друг начин за воздушен транспорт на голем товар до оддалечените делови на земјата без расклопување.

Цивилен авион Ил-12 во Будимпешта, 1956.

Неколку примероци беа испорачани во Чехословачка на почетокот на 1950-тите, каде што беа користени под ознаката NK-14.

Чехословачки NK-14

Транспортните едрилици на советското Воено воздухопловство полека беа повлекувани од употреба со појавата на турбоелисните транспортни авиони како што се Ан-24 и Ан-12, кои влегоа во состав на вооружувањето кон крајот на 1950-тите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња