По завршувањето на Втората светска војна, Цивилната воздухопловна флота побара да се направи патнички авион за линии со помал број летови, за кои не е целисходно да се користи „Лисунов“ Ли-2.
Лисунов Ли-2
Public domainТаа сакаше да добие авион што може да превезе десет патници на дестинација оддалечена 800 километри со брзина на крстарење од 290 км/ч и кој има два радијални мотори „Швецов“ АШ-21 од 700 КС (520 kW). На експериментално-конструкторското биро „Јаковлев“ во февруари 1946 година му беше доверено исполнувањето на оваа нарачка, со тоа што првиот експериментален примерок да биде подготвен за државно тестирање на 1 ноември 1946 година.
Зачуван примерок на моторот „Швецов“ АШ-21.
Christo (CC BY-SA 4.0)Тој план беше премногу амбициозен со оглед на обемот на работа што проектантското биро веќе го имаше, така што завршувањето на првиот примерок беше одложено за август 1947 година. Во исто време беа ревидирани и техничките карактеристики и беше одлучено да се зголеми брзината на 350 км на ниво на морето и дека воената варијанта мора да има одбранбена грбна купола со еден топ со калибар 20 мм.
Првиот прототип, кој често се нарекува Јак-16-I, полета на 24 септември 1947 година и покажа одлични карактеристики во управувањето со еден исклучен мотор, а можеше да полета и со еден исклучен мотор. Државното тестирање беше спроведено на почетокот на 1948 година.
Военотранспортната варијанта, честопати наречена Јак-16-II, се разликуваше од патничката по тоа што веднаш зад пилотската кабина имаше купола УТК-1 со митралез УБТ (универзален митралез „Березин“) со калибар 12,7 мм.
Покрај тоа, имаше и зајакнат под во товарниот отсек, малку поголема вертикална опашка и малку подолг трупот. Овој авион можеше да прими седум падобранци, десет војници во полна борбена опрема или шест носилки и болничари. На левата страна на трупот имаше голема лизгачка врата за полесно качување. Во предната половина на таа врата имаше помала врата што се отвораше кон внатре.
Во април 1948 година се одржа фабричко тестирање на авионот Јак-16-II, а набргу потоа и државното тестирање. Притоа беа забележани голем број недостатоци, по што беше зголемена површината на хоризонталната опашка, а на предните рабови на крилата и опашката беше додаден систем против замрзнување.
Авионот повторно беше подложен на државно тестирање и неговото производство беше одобрено. Па сепак, не беше пуштен во сериско производство бидејќи се сметаше дека Ан-2 е поуниверзален модел и во цивилната и во воената варијанта.
Ан-2
FORTEPAN / Mészáros Zoltán (CC BY-SA 3.0)При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче