Јак-200 – несудениот школски авион за пилоти и навигатори

airwar.ru
Веднаш по војната, опитно-конструкторското биро „Сухој“ направи авион кој поради низа конструкторски грешки имаше проблеми со летањето.

Затоа, со одлука на Советот на министри од април 1952 година, беше поставена задача да се создаде нов авион од овој тип и таа задача му беше доверена на Конструкторското биро на Јаковлев (ОКБ-115), на чие чело беше А. С. Јаковлев.

Александар Сергеевич Јаковлев

Одлуката подразбираше да се конструира уникатен тросед за обука на пилоти и навигатори. Беше планирано авионот да развива брзина од најмалку 400 км/ч на висина од 2200 метри, а горната висина на летот да му биде 6000 м, долетот 1150 км, должината на пистата за полетување 400 м и брзината на слетување 120-130 км/ч. Авионот можеше да носи 300 килограми бомби.

Јак-200 беше двомоторен моноплан со опрема за слетување од типот на трицикл. Полумонококната конструкција на металниот труп имаше три дела со странични седишта за екипажот. Носот беше застаклен со оптички рамен панел и немаше седишта ниту некаква опрема. Стабилизаторите на опашката беа преслечени со ткаенина, иако опашката беше од метал. Главните ногарки на опремата за слетување се вовлекуваа напред во вратниците на моторот, а предната се вовлекуваше наназад. Два радијални мотори „Швецов“ АШ-21 1 со моќност од 700 КС (520 kW) ги движеа пропелери со променлив од ВИШ-IIIВ-20А.

Фабричкото тестирање беше завршено во јули 1953 година, за три дена подоцна Јак-200 да му биде предаден на Научноистражувачкиот институт на Военото воздухопловство. Според податоците што ги изнесува Airwar.ru, авионот бил тестиран од пилотот А. Ф. Митронин и инженерот С. И. Блатов.

Воените пилоти кои ги тестираа авионите дојдоа до заеднички заклучок дека конструкцијата на кабината и контролните табли во авионот Јак-200 во голема мера одговара на работното место на пилотот на бомбардер Ил-28 и дека по техничките и летачките карактеристики одговара на барање на Советот на министри на СССР. И покрај сé, не беше можно да се препорача почеток на сериско производство на овој авион.

Имаше многу причини за толку суров заклучок. На пример, авионот имаше комплицирана техника за управување при полетувањето. Управувањето беше отежнато од високиот притисок на кормилото при контрола на гасот, а Јак-200 немаше доволно добра контрола на наклонот. Дополнително, немаше уреди ни против замрзнување на пропелерите и ветробранот на пилотската кабина.

Авионот беше вратен во конструкторското биро каде што беше доработен, што траеше малку повеќе од три месеци. Беа отстранети повеќе од половината дефекти, од вкупно 91, колку што открија воените пилоти. На почетокот на јануари 1954 година, Јак-200 беше вратен во Научноистражувачкиот институт на Военото воздухопловство.

На крај за сериско производство беше избран школскиот авионот Ил-28У, кој ги исполнуваше бараните стандарди, а развојот на моделот Јак-200 беше прекинат.

Ил-28У на изложба во музеј.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња