- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
Реткиот природен феномен кој во Русија се нарекува „снежура“ е познат и како „мрсна ледена кора“. Се појави на реката Екатерингофка во Санкт Петербург.
Снегот во големи количини паѓаше на водата чија температура беше блиску до нулата, и од него се направила згусната маса која нерамномерно замрзнува. Фотографиите на своите профили на социјалните мрежи ги објави Научноистражувачкиот институтот на Арктикот и Антарктикот.
Научниците објаснија дека феноменот настанува во специфични временски услови.
„Снежурата“ се формирала бидејќи силниот снег паѓал на водата чија температура била околу нулата. Поради тоа снегот не се топел туку почнал да се врзува и формира густа маса која личи на пластика“.
Тоа ги инспирираше Русите да пишуваат иронични коментари: „Изгледа како преварени пељмени во шерпа!“, „Како кајмак!“, „Лаваш во река!“
Слична природна појава во Санкт Петербург беше забележана и во декември 2021 година на реката Мојка. Тогаш во градот имаше обилен снег и силен мраз, но површината на водата не замрзна веднаш.