Модернизираниот „Панцир“ ќе може да ги уништува сите видови јуришни дронови

Ракетно-топовски ПВО-систем „Панцир-С1“.

Ракетно-топовски ПВО-систем „Панцир-С1“.

Олга Соколова/Global Look Press
На база на овој систем може да се организира и ефикасна модуларна мрежа на противвоздушна одбрана која ќе ја покрива секоја воена единица од јуришни дронови и дронови со помали димензии.

Модернизираниот противвоздушен ракетно-топовски систем „Панцир-С1М“ може да ги уништува сите видови беспилотни летала, вклучително и јуришни дронови. Ова за ТАСС го соопшти Бекхан Оздоев, индустриски директор на кластерот за вооружување во државната корпорација „Ростех“.

„По модернизацијата значително се зголемени можностите на „Панцир“ да се спротивстави на сите видови дронови. Конкретно, овој систем ефикасно ги открива и уништува сите видови беспилотни летала кои моментално постојат во воените арсенали“, рече тој.

Сергеј Михајлов, заменик-генерален директор на холдингот „Високопрецизни системи“ (дел од државната корпорација „Ростех“, на меѓународната изложба на вооружување оружје EDEX 2021 изјави за ТАСС дека модернизираниот противвоздушен ракетно-топовски систем може да стане темел на тактичката противвоздушна одбрана.

„На база на моделот „Панцир-С1М“ може да се организира ефикасна модуларна мрежа на противвоздушна одбрана која има можност да ја штити секоја воена единица од јуришни беспилотни летала и дронови со помали димензии, како и од високопрецизно оружје и, се разбира, од воената авијација, т.е. од авиони и хеликоптери. Системот целосно кореспондира на современите стратегии A2/AD (теоријата за организација на ПВО со која му се спречува на непријателот пристап до критично важни области)“, додаде Михајлов, истакнувајќи дека системот уништува и помали дронови.

„Панцир-С1М“ доби нови хиперсонични противвоздухопловни наведувани ракети, така што дострелот му е зголемен од 20 на 30 километри во далечина, и од 15 на 18 километри во висина. Сè на сè, големината на зоната на дострелот на новите ракети е зголемена тројно. Покрај новите противвоздухопловни наведувани ракети, системот може да ги користи и ракетите што ги користи системот „Панцир-С1“. Зголемена е и невидливоста на борбената активност, како и нејзината заштита од попречување на радиосигналите, како и огнените перформанси во единица време.

На форумот „Армија 2021“ јавноста дозна дека компанијата „Рособоронекспорт“ го потпишала првиот договор за испорака на противвоздушниот ракетно-топовски систем „Панцир-С1М“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња