Стрелци за време на тренинг во Меѓународниот центар за подготовка на сили за специјална намена.
Сергеј Вењавски/TASSВидео-прилогот започнува со смешна сцена во стилот на „Војна на ѕвездите“, каде улогите на „терористите“ ги играат штитови со портрети на бандити, а позитивните јунаци ги играат ентузијасти вооружени со автомати АК-105. „Терористите“ отвораат оган од ласерско оружје, а „јунаците“ возвраќаат со оган од калашникови.
По оваа шега, започнува сериозен тест на ова необично оружје. Авторот на видео-прилогот детално објаснува што е доработено кај автоматот и го споредува со „стандардниот“ модел АК. Тука не станува збор само за помодерната опрема, ергономијата и исклучително убавиот изглед, туку и за јачината на истрелот, должината на цевката, непреченото движење на затворачот и ставањето на рамката за муниција.
Цевката на АК-105 е неколку сантиметри пократка, но тоа воопшто не влијаеше на квалитетот на балистиката. Напротив. Цевката за одвод на барутните гасови која ја потиснува затворачот е скриена зад додатоците и не е видлива. Оружарите успеале да направат навистина ненадмината ергономија.
„Сметам дека било чисто привидение што цевката за одвод на гасовите кај автоматите од серијата АК-100 беше толку долга за да се скрати на 12,4 инчи (31,5 см)“, вели авторот на видеото. „Уште поинтересно ми е што автоматите од серијата АК-100 беа наменети исклучиво за извоз, но некои модели брзо се најдоа во официјалниот арсенал на Мајка Русија“.
Експертите ја мерат и јачината на звукот при пукањето од автоматот и укажуваат дека тој е малку потивок од другите модификации. Особено внимание заслужуваат непреченото движење на затворачот и леснотијата на ставање на рамката со муниција. И навистина, изгледа необично дури и кога го гледате на видео.
Се разбира, тука е и телескопскиот кундак кој борецот може лесно да го прилагоди како што му одговара, што е за пофалба.
Во текот на целиот тест авторот на видеото во неколку наврати не го крие своето воодушевување од овој производ на руските конструктори и вели дека тоа е неговото омилено оружје кое нема пандан во целиот свет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче