Русија почна да се занимава со оваа тема долго пред Карабах, па дури и пред Сирија. Затоа сега добро вооружените руски дронови претдставуваат сериозна опасност за воените објекти, системите за ПВО, па дури и за тешката оклопна техника, пишува „Форбс“.
„Во неодамна објавениот преглед на вооружувањето за руските дронови се споменуваат и беспилотни летала кои претходно не беа познати. Покрај тоа, новото оружје има заедничка цел, а тоа е уништување на оклопна техника, од мобилни противвоздушни системи до тешки тенкови“, вели Самуел Бендет, експерт за руско вооружување.
Тука клучното оружје е ракетата Х-БПЛА. Станува збор за авионска верзија на проектилот за противтенковскиот ракетен систем „Корнет“. Нејзиниот радиус на дејство е осум километри, може да уништува дури и американски тенкови „Абрамс“ и тоа нивниот фронтален дел, кој е најдобро заштитен. Проектилот Х-БПЛА е тежок 18 килограми, т.е. двојно помалку од познатата ракета Hellfire. Тоа значи дека беспилотните летала можат да носат неколку ракети и да уништат неколку цели. Споменатото оружје ќе го носат дроновите „Иноходец“ (називот за извоз е „Орион“) и „Форпост“, кои веќе се во арсеналот на руската армија.
Беспилотно летало „Форпост“
vitalykuzmin.net„Иноходец“ може да биде вооружен дури и со помоќната противтенковска ракета „Виор-М“, која е направена за јуришните хеликоптери. Ова оружје е специфично по тактиката на лансирање на две ракети врз една цел, за да се измами активната заштита на тенковите. Друг свеж проект е противтенковската ракета С8-Л што ја произведува концернот „Калашников“. Станува збор за модификација на ненаведувана авионска ракета. Благодарение на ласерското наведување и специјализираната боева глава, овој релативно евтин проектил стана моќно средство за уништување оклопна техника. Малата тежина на проектилот овозможува С-8Л да го носат дури и лесни дронови, на пример беспилотниот хеликоптер „Термит“, кој не е поголем од обичен автомобил. Термит може да носи три такви ракети.
БПЛА МДП-01 „Термит“ наоружан со ракети С-8Л.
vitalykuzmin.netНајмногу интригира последната категорија на оружје за дронови. Станува збор за бомби кои можат да се фрлат од минијатурни квадрокоптери. Покрај борба против непријателска жива сила и оклопна техника, таквите дронови можат многу ефикасно да ја уништуваат непријателската инфраструктура, пред сè складиштата за муниција. ПВО не ги забележува малите коптери, така што тие напаѓаат ненадејно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче