Рускиот офанзивен дрон „Орион“ сега може да уништува хеликоптери

Рособоронэкспорт
Најновото руско офанзивно беспилотно летало „Орион“ сега може да изведува неочекувани напади врз хеликоптери и дронови.

Офанзивниот дрон „Орион“ го пополни својот арсенал на оружје и тренира гаѓање не само копнени, туку и воздушни цели.

Според корпорацијата „Ростех“, во текот на испитувањето на најновата муниција, беспилотното летало уништувало мети во вид на автономни хеликоптери.

„Офанзивното беспилотно летало „Орион“ вежбаше примена на ново оружје. Според сценариото на вежбата, хеликоптер треба да се пробие до воен аеродром, а „Орион“ во отсуство на други средства за противвоздушна одбрана има задача да го открие и уништи“, објаснуваат од корпорацијата. Испитувањата на „Орион“ се вршени на еден од воените полигони на Крим.

Тие истакнуваат дека за време на обуката не биле користени само најнови ракети, туку и специфични беспилотни мети кои имитираат хеликоптери. „Нашиот имитатор на воздушни цели стапи во состав на вооружувањето на Воздушно-космичките сили пред една година и за тоа време повеќе пати ја покажа својата важност, придонесувајќи за увежбување на практични дејствија за откривање и елиминирање на симулиран воздушен непријател“, соопшти „Ростех“.

„Орион“ спаѓа во класата на офанзивни беспилотни летала со средна висина на лет со голем долет.

Неговата максимална тежина при полетување е 1150 килограми, брзината на крстарење му е 200 километри на час, а максималната висина на лет седум километри. Апаратот може да помине до 24 часа во воздух.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња