Руско беспилотно летало „Форпост“ употреби специјални бомби КАБ-20 (ВИДЕО)

Беспилотно летало „Форпост“

Беспилотно летало „Форпост“

vitalykuzmin.net
„Беспилотното летало„ Форпост-Р “е целосно произведено во Русија. На него е монтирана современа радиоелектронска опрема, комуникациски уреди, комплекс за контрола од земјата и софтвер од руско производство. Исто така, ова летало е опремено и со целосно нов мотор од домашно производство АПД-85. Модернизираната верзија на ова беспилотно летало тежи 500 кг. Неговата автономија на лет изнесува 18 ч. „Форпост-Р“ може да се искачи до 6000 метри во висина.

На здружената воена вежба на војските на Русија и Белорусија „Запад 2021“, која се одржува во стратешки формат, беа користени и ударно-извидувачки беспилотни летала „Форпост“. Со понатамошна модернизација на овие беспилотни летала, наместо стандардната извидничка намена, тоа доби и ударни можности. На видеото се гледа дејство на двете беспилотни летала кои на своите поткрилни носачи носеа специјално развиена муниција за употреба од бпл (конкретно ударно-извидувачки беспилотни летала „Орион“ – Заб. на авторот), која носи ознака КАБ-20. Оваа наведувана муниција успешно ги погоди поставените копнени цели на условниот непријател и ја исполни својата задача.

КАБ-20 претставува наведувана високопрецизна воздухопловна бомба, која во основната верзија е опремена со разорно-фрагментарна боева глава. Се насочува врз целта со помош на два канали за наведување (сателити/ласер). Нејзината основна намена е борба против непријателската жива сила и лесно оклопна борбена техника, како на пр. различни видови оклопни автомобили. Благодарение на своите димензии, едно бпл „Орион“ може да носи неколку од овие бомби на своите носачи.

„Беспилотното летало„ Форпост-Р “е целосно произведено во Русија. На него е монтирана современа радиоелектронска опрема, комуникациски уреди, комплекс за контрола од земјата и софтвер од руско производство. Исто така, ова летало е опремено и со целосно нов мотор од домашно производство АПД-85. Модернизираната верзија на ова беспилотно летало тежи 500 кг. Неговата автономија на лет изнесува 18 ч. „Форпост-Р“ може да се искачи до 6000 метри во висина.

Покрај стандардната верзија, постои и морнаричка верзија на беспилотното летало „Форпост“, кое во координација со борбени авиони може да учествува во напад врз површински бродови на условниот непријател. Поточно, станува збор за извиднички тип на беспилотно летало кое не само што има способност да забележи објекти на непријателски пловила што се наоѓаат над површината на водата, туку и во реално време да ги пренесат нивните точни координати до ударните воздухопловни ефективи како што се повеќенаменските ловци-бомбардери.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња