Медиуми: Системот С-550 ги помина државните тестирања и стапи на борбено дежурство

Максим Блинов/Sputnik
Со стапувањето на С-550 на борбено дежурство Воздушнo-космичките сили на Русија формираа длабок повеќестепен систем ба противвоздушна и противракетна одбрана.

Потполно новиот противвоздушен ракетен систем С-550 ги помина државните тестирања и стапи на борбено дежурство, соопшти за ТАСС извор близок до Министерството за одбрана на Русија. Оваа информација не е официјално потврдена.

„Тоа е целосно нов мобилен систем на стратешка ПВО кој нема пандан во светот. Способен е да соборува вселенски апарати, борбени блокови на балистички ракети и хиперсонични цели“, рече соговорникот на агенцијата.

Тој истакна дека со стапувањето на С-550 на борбено дежурство Воздушно-космичките сили на Русија формирале длабок повеќестепен систем на противвоздушна и противракетна одбрана: почнувајќи од системот „Панцир“, кој функционира на мали висини, па сé до системот за вселенско пресретнување С-550.

Сé што се знае за новиот ПВО-систем С-550

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња