С-550 и С-500 заедно ќе ги штитат руските стратешки објекти

Информативна служба на Министерството за одбрана на РФ/TASS
Противвоздушните ракетни системи С-500 и С-550 ќе ја сочинуваат платформата на новиот руски концепт за противвоздушна одбрана. Тие заедно ќе ја обезбедуваат противракетната и противвселенска одбрана на руските стратешки објекти.

За ова за ТАСС зборуваше извор близок до воениот ресор. Изворот додаде дека С-550 и С-500 „Прометеј“ имаат различни борбени задачи. Првиот противвоздушен ракетен систем нема да го замени вториот. С-550 не е надграден систем С-500, туку на некој начин негова полесна верзија. И има, тврди изворот, различни методи на дејствување во случај на закана.

Двата противвоздушни ракетни системи ќе ја сочинуваат платформата на новиот концепт на ПВО и заедно со С-350 и системите со краток дострел ќе можат да ги неутрализираат сите можни цели. Меѓутоа, новиот систем нема да биде реанимирана советска противракетна одбрана. При неговото создавање се земени предвид голем број нереализирани идеи.

Претходно беше соопштено дека системот за противракетна одбрана С-550 ќе биде наменет за уништување на орбитални вселенски цели. Меѓу нив спаѓаат и американските беспилотни вселенски бродови Х-37 кои, како што проценува руската војска, може да се користат како вселенско оружје.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња