Противвоздушен ракетен систем со среден и голем дострел С-400 „Триумф“.
Комсомольская правда/Global Look PressЗаедно со информацијата дека во оперативното вооружување на руската армија наскоро ќе влезе новиот ракетен ПВО/ПРО систем со долг дострел С-500 „Прометеј“, се појави и веста за развој на мобилен систем за противракетна и вселенска одбрана С-550. Авторот на текстот во продолжение на материјалот наведува кои се неговите предности во однос на конкуренцијата, пренесува веб-порталот РГ.
Според различни извори, С-550 ќе може да пресретнува балистички цели на големи висини, вклучително и проектили со интерконтинентален дострел. Ќе може да се користи и против други цели, како што е, на пример, американскиот орбитален ловец X-37B. Во секој случај, неговите противракетни карактеристики ќе бидат значително подобри во однос на С-400 „Триумф“, новиот С-500 „Прометеј“/„Триумфатор-М“ и американскиот систем за противракетна одбрана „Егис“ (Aegis) со ракетите-пресретнувачи SM-3Block llB.
Што се однесува до Русија, стандардните противракетни системи се главно стационарни. Кога станува збор за ракетниот систем С-500, неговите карактеристики ќе бидат такви (претпоставка на кинескиот автор – заб. на прев.) што ќе можат да дејствуваат во радиус од 600 километри и висини до 200 километри. Доколку новиот систем С-550 достигне или дури ги надмине таквите показатели, тогаш Русија значително ќе отскокне од своите конкуренти кога се во прашање системите за противракетна одбрана.
Авторот прави и аналогија помеѓу системите С-350 и С-550, кои се базираат на системот С-300, само што имаат неспоредливо повисок степен на автоматизација и огнена моќ. Овие системи имаат способност да користат повеќе видови ракети кои се во состојба да уништуваат цели на мали, средни и големи растојанија. Поточно, противвоздушниот систем С-350 е способен да работи самостојно без поддршка на систем со мал дострел (универзален систем).
Кинескиот автор наведува дека за време на развојот на противвоздушниот систем С-350 „Витез“ руските конструктори користеле електронски компоненти кои се најмодерни во светот кога се во прашање ПВО-системите. Руската технологија значително напредуваше на полето на развој на микроелектрониката, се заклучува во текстот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче