Тихоокеанската флота првпат лансира ракета „Калибар“ од подморница (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Дизел-електричната подморница „Петропавловск-Камчатски“, која припаѓа на Тихоокеанската флота, првпат изведе лансирање на крстосувачка ракета „Калибар“ од подводна позиција во водите на Јапонското море.

За Тихоокеанската флота ќе бидат изградени шест подморници вооружени со ракети „Калибар“. Пред овој настан, во Тихоокеанската флота „Калибар“ беше лансиран само од брод.

Како што за весникот „МК“ соопшти информативната служба на Тихоокеанската флота, „Калибар“ е лансиран од Јапонското Море, а била погодена целта на копно оддалечена над илјада километри. Подморницата кришум впловила во подрачјето за лансирање. Ракетното гаѓање го покриваа бродови и други пловила, авиони и беспилотни летала на морнаричката авијација на Тихоокеанската флота.

Подморницата „Петропавловск-Камчатски“ вплови во Тихиот океан пред нешто помалку од еден месец.

Претходно „Калибар“ беше лансиран од подморници од проектот 636,6 од Средоземното Море, но и од ракетни бродови од Каспиското езеро, кога беа гаѓани бази и другите објекти на терористите во Сирија.