Во Русија направена првата двокалибарска снајперска пушка на светот

Дмитриј Рогулин/TASS
Започна тестирањето на првата снајперска пушка која ќе може да користи муниција со калибар 12,7х99 (НАТО стандард) и 12,77х108 мм.

Оружјето се вика DXL-5 „Опустошител“ (рус. Опустошитель, извозно име Havoc).

„Неговото најважно својство е модуларноста. Во „Опустошител“ први ја реализиравме можноста снајперистот да извади една цевка и да стави друга, и тоа се цевки со различен калибар. Едниот е како во НАТО .50 BMG, а другиот е домашниот калибар 12,77x108 mm, сé во зависност од задачата. Со тоа значително се зголемуваат и изгледите за извоз“, изјави за РИА „Новости“ Владислав Лобаев, главен конструктор на компанијата Lobaev Arms која го прави ова оружје.

Тој истакна дека DXL-5 има уникатна густина на стрелба, која изнесува 0,5 MOA. Тоа е четири пати подобро отколку кај американскиот модел Barret (кој има 2 MOA).

„Високата прецизност и ефективниот дострел од 2300 метри (Barret има ефективен дострел од 1800 метри) му овозможува на „Опустошител“ да се бори против непријателските снајперисти, а тоа е една од најтешките снајперски задачи“, истакна Лобаев.

Пушката е тешка 13 килограми, има компензатор на кундакот кој значително го намалува дејството на трзајот. Претходно од пушката „Сумрак“, која исто така ја прави Lobaev Arms, беше соборен светскиот рекорд во прецизност на гаѓање, кога Андреј Рјабински ја погоди целта на дистанца од 4210 метри.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња