Армијата на РФ ги доби првите хеликоптери Ми-8АМТШ-ВН

Ми-8АМТШ

Ми-8АМТШ

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Руската војска ги доби првите повеќенаменски хеликоптери Ми-8АМТШ-ВН, кои првенствено служат за десант и обезбедување огнена поддршка на единиците на спецназот.

„Првите машини веќе се преземени. Врз основа на двата потпишани договори, хеликоптерите треба да им бидат испорачани на трупите во текот на 2021 и 2022 година“, изјави за агенцијата РИА „Новости“ извор од воената индустрија. Тој не сакаше да го наведе бројот на машини кои пристигнале во армијата, велејќи дека тоа е воена тајна. Агенцијата нема официјална потврда на оваа информација.

Ми-8АМТШ-ВН е најновата модификација на повеќенаменскиот воен хеликоптер, направена врз основа на искуството стекнато во Сирија, со цела низа нови инженерски решенија со кои е подобрена борбената ефикасност и отпорност. Значително е подигнато нивото на заштита на екипажот и истоварувањето благодарение на модуларните заштитни плочки од кевлар поставени под кабината и товарниот отсек. Новата верзија на Ми-8 е опремена со системот за заштита „Претседател-С“ кој детектира и класифицира ракети испукани кон хеликоптерот и во зависност од нивниот тип исфрла топлински мамки или ја попречува работата на главата за самонаведување на противавионските наведувани ракети.

Максималната полетна маса сега е зголемена на 13,5 тони, а брзината на летот на 280 км/ч. Моќниот вител овозможува истовремено кревање на четири лица. Патем, за време на маневрите „Запад 2021“, покрај спецназот, Ми-8 превезуваше и борбено баги закачено на надворешниот носач. Се очекува оваа карактеристика да биде дел од стандардната опрема на моделот АМТШ-ВН.

Највпечатливи се промените во вооружувањето на хеликоптерите. Тоа е зголемено со очигледна намера да се подобри огнената поддршка за единиците на спецназот. Хеликоптерот сега носи четири митралези кои го покриваат целиот радиус околу леталото, од кои три се со голем калибар, топовски контејнери, како и блокови ненаведувани авиоракети (НАР) и наведувани противтенковски ракети, поради што хеликоптерот е опремен и со набљудувачко-нишански систем.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња