Русите ја тестираат „бабарога“: Новиот ударно-десантен хеликоптер Ми-8АМТШ-ВН по мерка на Сирија

Слободан Ѓукиќ
Тестирањето на најновата верзија на ударниот воено-транспортен хеликоптер Ми-8АМТШ-ВН ќе почне до крајот на оваа година, навестуваат добро информирани извори од рускиот воено-индустриски комплекс. Хеликоптерот е модернизиран врз основа на борбеното искуство од Сириската Арапска Република

„Планираме да почнеме со фазата на летечки тестирања до крајот на оваа година“, изјави соговорникот на интернет-порталот РИА „Новости“ кој доаѓа од рускиот воено-индустриски комплекс.

Неодамна беше соопштено дека Конструкторскот биро „Мил“ работи на проект за развој на хеликоптерот Ми-8АМТШ-ВН. Се работи за варијанта која ќе биде значително повеќе вооружена кога се во прашање ударните варијанти кои настанаа врз база на воено-транспортниот среден хеликоптер Ми-8. Неговата основна намена ќе биде непосредна огнена поддршка на трупите на земја, како и стандардната транспортно-десантна функција што претставува базична карактеристика на овој хеликоптер. Предвидено е хеликоптерот технички да се оспособи да употребува суперсонични ракети со ефективен дострел до 6000 метри.

Новите модификации на напаѓачкиот систем на хеликоптерот опфаќаат интеграција на „паметна“ електроника која ќе има  способност далечински да ја активира запалката на ракетите. Исто така, хеликоптерот е опремен со новиот оптоелектронски систем и одбранбени комплекс „Президент-С“, кој работи во автоматски  режим при што детектира лансирање на ПА-ракета од земја. Зголемена е и оклопна заштита на кабината и товарниот простор кои се во целост обложени со дополнителен кевларски оклоп. Со кевлар се зајакнати и бочните страни на хеликоптерот.

Покрај ова, хеликоптер го доби новиот гаснотурбински мотор ВК-2500-03 со модернизирана трансмисија и зголемена моќност, како и со инсталација на нови лопатки на главниот ротор кои се направени од композити. Сите овие унапредувања ќе имаат позитивен трансфер на летечко-техничките карактеристики на хеликоптерот, посебно кога се во прашање параметрите на крстосувачката/максималната брзина и неговата носивост.

Тактичко-технички карактеристики

  • Модел на хеликоптер: Ми-8АТМШ-ВН
  • Должина:18.22м
  • Висина:5.65м

Маса, кг    

  • Празен: 7260 кг
  • нормална полетна маса: 12100 кг
  • максимална полетна маса: 13500 кг
  • Тип на мотор: 2хГТД ВК-2500-03
  • Сила во киловати: 2 х 2400 кВт
  • Максимална брзина: 280 км/ч
  • Крстосувачка брзина:260 км/ч
  • Практичен долет:1200 км
  • Практичен плафон на лет: 4500 м
  • Статички плафон на лет:1900 м
  • Екипаж: 2 члена
  • Капацитет на десантно-товарниот отсек: 37 војници или 4000 кг товар

Вооружување:

  • Три тешки митралези „Корд“ кал 12,7-мм и + 1хКПВ кал 7,62-мм
  • Носивост на убоен товар - 1400 кг на 6 подвесни точки:
  • НРЗ: 4 х саќести лансери УВ-16-57 16х55-мм или 4 х саќести лансери УВ-32-57 32х57-мм
  • 4 х КАБ-250, или 6 наведувани ракети „Атака“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња