Русија прави нов хеликоптер за Спецназот

Ми-8АМТШ

Ми-8АМТШ

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Во прашање е нова верзија на хеликоптерот Ми-8АМТШ-ВН за специјални намени со засилено вооружување.

Руските стручњаци подготвија нова верзија на хеликоптерот за специјални намени Ми-8АМТШ-ВН со засилено вооружување, изјави Андреј Богински, раководител на холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолёты России), каде што се прават овие летала.

„Веќе имаме модернизиран облик на моделот АМТШ-ВН. Да речеме дека тој има проширени опции и можности, и тоа посебно важи за дополнителната опрема“, ги наведува неговите зборови агенцијата ТАСС.

Ми-8АМТШ

Богински додаде дека во хеликоптерот се подобрени „средствата за гаање, откривање и идентификување на целите“.

ТАСС прецизира дека станува збор за преоден модел помеѓу Ми-8 и перспективен хеликоптер за аеромобилни единици на десантно-падобранските трупи.

Минатото лето Андреј Богински на форумот „Армија 2019“ соопшти дека во 2020-2021 година Министерството за одбрана на РФ ќе ја добие првата од десетте партии најнови хеликоптери Ми-8АМТШ-ВН. Според директорот на холдингот, овие летала ќе можат да извршуваат задачи во најсложени временски услови и ќе добијат „систем за заштита и митралез „Корд“.

Ми-8АМТШ-ВН е усовршена верзија на хеликоптерот Ми-8/17. Може да превезува луѓе, но исто така и да покрива копнени акции од воздух.

Хеликоптерот има турбоелисни мотори ВК-2500-03 со модернизирана трансмисија и подобрени висински и климатски карактеристики, како и нов носечки систем, систем за вооружување како кај Ми-24, систем за оклопна заштита на екипажот и можност за прилагодување на примена на термовизиски камери.

Ми-8 може да прими 36 падобранци или 4 тони товар. Може да лета 1000 километри без да дополни гориво. Проектиран е во текот на 1960-тите, под раководство на Михаил Мил. Ова е најмасовно произведуваниот хеликоптер со два мотора на светот.

Од неговото воведување во експлоатација се направени неколку десетици модификации и над 12000 летала од овој модел.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња