Руското ВДВ усвојува екстремно наоружана верзија на хеликоптер со проширени транспортни можности

Ми-8АМТШ

Ми-8АМТШ

vitalykuzmin.net
Руските Воздушно-десантни сили (ВДВ) ќе усвојат специјална модификација на воено-транспортниот хеликоптер Ми-8. Конкретно, се работи за летало кое освен падобранци ќе може да ги транспортира и брзите проодни специјални теренци „баги“ БРБ-М. Исто така, овој хеликоптер ќе има способност за покомотен превоз на ранети. Леталото ќе има и сопствено вооружување за непосредна огнена поддршка на истоварените десантни трупи.

Употребата на баги во аеромобилните единици на руската армија беше видена на стратешката воена вежба „Запад 2021“. Тогаш на челична сајла што беше врзана за надворешниот носач на хеликоптерот Ми-8 беше транспортирано баги „Сармат“. Станува збор за лесен теренец со погон 4x4 кој може да превезува до 600 кг товар. Што се однесува до вооружувањето, на него може да се монтира митралез или автоматски фрлач на гранати.

Покрај проширувањето на нивните транспортни капацитети, рускиот военоиндустриски комплекс ги претвора овие хеликоптери и во вистински „летечки топовници“ за огнена поддршка на трупите на терен. Најдобар пример за тоа е најновата модификација со ознака Ми-8АМТШ-ВН. Овој хеликоптер беше претставен на Меѓународниот военотехнички саем „Армија 2021“ Станува збор за оклопно и исклучително вооружено летало наменето за опремување на руските специјални единици – ССО. Врз основа на богатото воено искуство од Сирија, руските конструктори креираа цела низа подобрувања што го претвораат овој хеликоптер веројатно во најдобриот на светот кога станува збор за десантни мисии за специјална намена.

Станува збор за варијанта која ќе биде значително повооружена кога се во прашање ударните варијанти создадени врз база на воено-транспортниот среден хеликоптер Ми-8. Неговата основна намена ќе биде директна огнена поддршка на војниците на теренот, како и стандардната транспортно-десантна функција, што е основна карактеристика на овој тип на хеликоптери.

Кај хеликоптерот е интегрирана нова конфигурација на оружје која не е типична за хеликоптерите кои потекнуваат од семејството Ми-8/17 и која практично го доближува до јуришните хеликоптери како Ми-24/35, Ми-28 и Ка-52. Предвидено е хеликоптерот технички да се оспособи да користи наведувани суперсонични ракети („Атака“, „Виор“...) со ефективен дострел од преку 6000 метри. На левата и десната врата, кои се наоѓаат на страните на хеликоптерот, има 2 тешки митралези „Корд“  со калибар 12,7 мм, како и на специјален поткрилен носач (модул со спарени митралези 12,7/7,62).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња