Модернизираните ракетни фрлачи „Сонцепјок“ добија модерна лансирна апаратура која овозможува комфорна работа на екипажот и го намалува времето за извршување на борбените задачи, пренесуваат руските медиуми.
Партија ТОС-1А му беше предадена на нарачателот од страна на Омскиот завод за транспортна машиноградба на концернот „Уралвагонзавод“ (дел од „Ростех“).
„Тешкиот пламенофрлачки систем е гордост на претпријатието. Нашите инженери работат на различни варијанти на модернизација со цел системот да биде во согласност со најсовремените барања и квалитетно да ги извршува своите функции“, изјави генералниот директор на „Омсктрансмаш“ Игор Лобов.
„Сонцепјок“ е во состојба со помош на термобарички проектили да уништува жива непријателска сила, негови фортификациски објекти и борбена техника. ТОС-1А според калибарот и огнената моќ нема пандан во странските армии. Русија работи на вклучување на „Сонцепјок“ во автоматизираниот концепт за управување со трупите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче