Воени вежби во Русија: Тешкиот ракетен лансер „Сонцепјок“ на терен, непријателот без шанса (ВИДЕО)

Скриншот / ТВ „Ѕвезда“
Според сценариото, извидувачите открија непријателска оклопна техника на оддалеченост од два километри од фрлачите на пламен.

Припадниците на силите за Радијациско-биолошко-хемиска заштита на Источниот округ на руската војска го уништија условниот непријател на полигонот Сергеевски во Приморје.

Екипажите на тешките пламенофрлачки системи „Сонцепјок“ од затворени позиции ги погодија метите со поединечно лансирање.

Термобаричките проектили на овие системи имаат огромна разорна сила, падот на притисокот до кој доаѓа по екплозијата и големата прецизност на гаѓањето, вклучувајќи ја и стрелбата, не му оставаат никаква шанса на противникот.

Системот е направен 2001 година врз база на шасијата на тенкот Т-72. Предвиден е за огнена поддршка на моторизираните и тенковските единици. „Сонцепјок“ е опремен со модернизиран систем за лансирање, како и со автоматизиран систем за наведување.

Русија е единствената земја на светот во која се развива и произведува таква опрема. Ги покажа своите уникатни карактеристики во текот на вооружените судири во Ирак и Сирија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња