Тешкиот пламенофрлач „Сонцепјок“ станува попрецизен и помоќен

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Модернизацијата ќе ги подобри дострелот и прецизноста на гаѓањето, површината на уништувањето на целта со една ракета и ќе ја намали потрошувачката на реактивни проектили.

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека е во тек модернизација на тешкиот ракетен лансер ТОС-1А „Сонцепјок“. Обновената техника ќе влезе во вооружувањето на силите за Радиолошко-биолошко-хемиска заштита веќе до крајот на оваа година, пренесува новинската агенција ТАСС. 

Модернизацијата ќе ги подобри дострелот и прецизноста на гаѓањето, површината на уништувањето на целта со една ракета и ќе ја намали потрошувачката на реактивни проектили, велат од воениот ресор. Современата нишанска и навигациска опрема, како и новата муниција ќе го намалат времето потребно за подготовка и извршување на борбените задачи. Ќе биде подобрена и заштитата на борбената машина од противтенковско оружје.

„Сонцепјок“ е поставен на шасија на тенкот Т-72. Според податоците од отворени извори, неговото најефикасно оружје се реактивните проектили. Тие на подрачјето на целта создаваат аеросолни облаци кои потоа експлодираат. Незаменлив е при чистењето утврдувања и планински подрачја од непријателот. ТОС-1А може да гаѓа со поединечни ракети, со лансирање по две или да ги истрела сите 24 проектили за шест секунди.

Тешкиот ракетен лансер ТОС-1А „Сонцепјок“ спаѓа во петте модели руска копнена воена техника кои се најпопуларни меѓу странските нарачатели и се наоѓа во вооружувањето на неколку земји. „Сонцепјок“ е наменет за палење и уништување на градбите и живата сила на противникот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња