Руските хеликоптери се вооружуваат со противтенковската ракета „Хризантема“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Една од најмоќните на светот противтенковски ракети 9М123М „Хризантема“ по својата модернизација ќе влезе во арсеналот на јуришните хеликоптери Ми-28НМ и Ка-52М.

„Се врши модернизација на „Хризантема“, потврди за ТАСС генералниот конструктор на „Конструкторското биро за машиноградба“ Валериј Кашин.

Ракетата е создадена во СССР и е еден од најмоќните противтенковски комплекси во светот. Има два канали за наведување: радарски и ласерски - „Хризантема“ е оружје за сите временски услови и во секое време на денот/ноќта. Исто така, тоа овозможува симултано гаѓање на две различни цели. Кумулативниот боев дел е способен да пробие оклоп со динамична заштита, пренесува „Росијскаја газета“.

Досега единствениот редовен носач на ракетата беше истоименото борбено возило врз база на БМП-3. Според експертите, две такви самоотки, доколку се правилно распоредени и употребени, можат да запрат тенковски баталјон.