За кој тип руско вооружување има најголема побарувачка во светот?

Панцир-С1

Панцир-С1

Министерство за одбрана на Република Србија / Војска на Србија
Најголемиот интерес на странските купувачи во 2021 година е поврзан со набавката на современи ПВО-системи С-400 „Триумф“ и 96К6 „Панцир-С1“, изјави директорот на Федералната служба за военотехничка соработка Дмитриј Шугаев. Тој истакна дека големата популарност на овие системи е последица на нивното ангажирање во борбена експлоатација (Сирија).

Шугаев истакна дека зголемен интерес во светот има практично комплетната гама воздухопловна техника што ја произведува рускиот военоиндустриски комплекс. „Тоа е минимум 50 отсто од нашиот обем на продажба“, истакна директорот на Федералната служба за военотехничка соработка (ФСВТС).

Според директорот на ФСВТС, што се однесува до странските купувачи, особено е атрактивен противтенковскиот ракетен систем „Корнет“, повеќецевните ракетни лансери со калибар 300 мм „Смерч“ и други системи кои спаѓаат во категоријата на високопрецизно оружје.

Тој исто така рече дека во наредните години не се очекува намалување на обемот на испорака на руско оружје и воена техника. Вкупниот износ на потпишани договори со рускиот военоиндустриски комплекс до денес ја надминува цифрата од 52 милијарди американски долари.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња