ВИДЕО: „Панцирите“ со своите топови уништија десетици копнени цели на полигонот „Ашулук“

Скриншот
Самоодните хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со мал дострел 96К6 „Панцир С1“ можат да бидат исклучително ефикасни против копнените цели на конвенционалниот непријател. Тоа особено се однесува на лесно оклопни борбени средства, како и на разни објекти и пречки кои непријателската пешадија може да ги искористи како заштита.

Во Астраханската област на воениот полигон „Ашулук“ се реализираше борбено гаѓање од самоодни хибридни ракетно-топовски ПВО-системи со мал дострел 96К6 „Панцир С1“. Главната цел на овие средства беа копнени цели на условниот непријател. Тие симулираа оклопна борбена техника, како и други транспортни средства кои можат да се појават на фронтот.

„Екипажите имаа задача да ги уништат копнените цели кои имитираа лесна оклопна борбена техника на условниот непријател. Притоа ги користеа автоматските топови со калибар 30 мм“, се наведува во соопштението на информативната служба на Западниот воен округ што го пренесува веб-порталот РГ.

На видеоматеријалот може да се види убиственото дејство на основните топови 2А38 кои се наоѓаат во вооружувањето на овој комплекс. Тоа се всушност двоцевни противвоздухопловни топови, развиени врз основа на авионскиот топ ГШ-30. Топот е опремен со уникатен систем за водено ладење, со што се обезбедуваат стабилни услови кои овозможуваат исклучително голема густина на оган. Борбената каденца на еден топ изнесува цели 2500 гранати во минута, а брзината на граната на устата на цевката достигнува 1000 м/сек. Ефективниот хоризонтален дострел на овој топ изнесува околу 5000 м. Во состав на противвоздухопловниот комплекс „Панцир“ влегуваат два вакви топа, со што борбената каденца достигнува исклучителни 5000 гранати во минута.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел. Наменет е за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба.

Опремен е со повеќеканален систем за зафаќање на цели и нивно следење. Во состојба е истовремено да зафати до 10 различни цели во воздушниот простор и да дејствува по четирите најопасни. Наведувањето може да се реализира преку нишанскиот радар или оптоелектронскиот комплекс.

Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња