Русија го прави својот прв робот за воени операции на копно и за научни мисии на други планети

Робот „Маркер“ на територијата на космодромот Восточни во Амурската област, 14.10.2021.

Робот „Маркер“ на територијата на космодромот Восточни во Амурската област, 14.10.2021.

Информативна служба на „Роскосмос“ / РКК „Энергия“/Sputnik
Наоружан со митралез и противтенковски ракети, овој робот ја чува територијата на руски космодром на Далечниот Исток. Но, во иднина тој може да учествува и во руски истражувачки мисии на Месечината.

Во октомври руските воени експерти успешно го тестираа автономното возило „Маркер“ за заштита на космодромот Восточни. Целта на тестирањето беше да се види до кој степен оваа машина ги задоволува потребите за патролирање и колку ефикасно може да открива потенцијални непријатели во различни временски услови, почнувајќи од силно сонце и големи жештини па сé до силни врнежи среде ноќ.

Робот „Маркер“ на територијата на космодромот Восточни во Амурската област, 14.10.2021.

Претставниците на Министерството за одбрана на РФ и „Роскосмос“ се задоволни од резултатите и велат дека возилото е подготвено за понатамошни воени тестирања пред да стане првиот робот што ќе го користат војската и научниците за истражување на други планети.

„Маркер“

„Маркер“ е возило без возач кое од оружје има еден митралез 7,62х54 мм и два противтенковски ракетни лансери. На тестирањето машината покажа дека може да работи три дена без дополнување на акумулаторот. 

Робот „Маркер“ на територијата на космодромот Восточни во Амурската област, 14.10.2021.

Аркадиј Петросов, раководител на проектот на Националниот центар за развој на технологии и основни елементи на роботиката истакна дека во Русија „Маркер“ има најдобри можности за препознавање на објекти благодарение на вештачката интелигенција и автономното движење по непознат терен.

Вештачката интелигенција е сместена како на тркалата, така и на гасениците. Возилото минува 100 километри, било на пат или надвор од него. Операторот треба само да ја избере почетната точка и дестинацијата, а роботот сам ќе ја креира траекторијата правејќи во текот на движењето мапа со помош на камерите и другите сензори. „Маркер“ може самиот автоматски да ги заобиколува пречките и во исто време да се движи по најкратката рута.

Тоа го постигнува благодарение на камерите поставени на возилото од сите страни. На тој начин се добива целосен преглед на теренот и целосна слика на теренот и проодниот пат.

Напросто кажано, се работи за модерна милитаризирана верзија на автомобилот „Тесла“ која може да се движи по непристапен терен.

Шефот на корпорацијата „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин смета дека ова возило има висок потенцијал кога станува збор за научнотехнички истражувања. Тој дури верува дека тој потенцијал може да се искористи за создавање опрема што ќе се користи за истражување на Месечината и другите небесни тела.

Дополнителна функција

„Маркер“ беше тестиран и во соработка со рој дронови. Функционираше со група од 15 беспилотни летала кои работеа поделени во три тима од по пет дронови. „Воздушниот тим“ му овозможи извидување на оддалечено подрачје и му овозможи да го гледа теренот на тешко достапните места, особено во урбаната средина. Дроновите можат да му пренесат и податоци за целта, така што „Маркер“ ги уништува и оние цели што не може непосредно да ги види.

Возилото може да се користи и како носач на дронови или како нивен јазол. Толку голем број на дронови овозможува не само покривање на поголем терен, туку и распоредување на роеви јуришни дронови-камикаѕе. Прочитајте подетални информации за дроновите-камикаѕе и нивното влијание врз идните војни во оваа статија на порталот Russia Beyond.

Иднината на „Маркер“

Борбена роботизирана платформа „Маркер“, Магнитогорск, 17.10.2019.

„На почетокот на октомври претседателот Путин се сретна со делегација на Министерството за одбрана во Сочи. Шефот на државата му наложи на министерството до 2027 година да подготви платформи со вештачка интелигенција кои ќе можат самостојно да дејствуваат на бојното поле без учество на луѓе. Владата ќе одвои за тие задачи речиси 200 милијарди рубљи (околу 3 милијарди долари)“, изјави за порталот Russia Beyond Дмитриј Сафонов, поранешен воен аналитичар на весникот „Известија“.

Експертот тврди дека Американците веќе вршат такви тестирања.

„Тие интегрираа прикази и податоци за можни цели во нивниот Модуларен напреден вооружен роботски систем (MAARS) и тестираа како тој систем се однесува на стрелиште кога треба самостојно да уништува цели“, рече тој.

Според него, слични технологии се интегрирани и во тенковите „Абрамс“. Доколку роботизираните технологии се покажат добро на гаѓањата, Американците ќе го продолжат нивното борбено тестирање со тенкови и роботи.

Ние доцниме еден чекор зад тие тестирања, но ќе го надополниме пропуштеното“, смета Сафонов.

Во моментов Министерството за одбрана на Русија комбинира два вида на тестирање на „Маркер“. Првите се тестирања во гаѓање од автомати кои самостојно пронаоѓаат и фиксираат објекти, а операторите само го притискаат копчето „пукај“. Вториот вид се тестирања во кои возилата самостојно патролираат и без човечко учество вршат набљудувачки мисии на копно во групи од по пет возила, каде вештачката интелигенција ги контролира сите нивни дејства, освен отворањето оган.

„Како и другите современи руски воени платформи, „Маркер“ е конструиран како модуларен систем. Тоа се прави за да можат другите изведувачи и другите заинтересирани страни да предложат свои технологии и арсенал што ќе биде додаден подоцна. Слично беше направено и со платформата „Армата“. Иста таква иднина ќе има и „Маркер“, изјави за порталот Russia Beyond Иван Коновалов, директор за развој во Фондот за промоција на технологиите на 21 век.

Тој вели дека многу државни корпорации се заинтересирани за овој проект, пред сé затоа што зад него стои Министерството за одбрана, како и корпорацијата „Роскосмос“, која го третира проектот како одбранбен инструмент на своите космодроми и средство за истражувања на Месечината и другите небесни тела.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња