Роботизираната платформа „Маркер“ е во состојба да патролира практично два и пол дена без запирање и дополнително полнење гориво, изјави за РИА „Новости“ главниот конструктор на лабораторијата на НПО „Андроидна техника“ Алексеј Богданов.
„Роботизираната платформа „Маркер“ успешно го заврши долгорочното тестирање во автономен режим на работа, реализирано на интерниот полигон на развојната компанија. Платформата се движеше по однапред зададена маршрута во траење од 10 часа во услови на различно осветлување и временска ситуација. Горивото што остана во резервоарот по овој експеримент беше доволно за уште најмалку 50 часа движење, што претставува еден од најдобрите резултати во светот“, рече Богданов.
Тој додаде дека „Маркер“ го движи дизел-мотор. Исклучително ниските показатели за потрошувачката на дизел на 100 км, која изнесува само 3 литри, ги обезбедува хибридниот погон кој се состои од дополнителен високоефикасен електричен мотор кој му овозможува дополнителен 1 час работа, при што енергијата се црпи од акумулаторот.
Експерименталната повеќенаменска платформа „Маркер“ е создадена со цел да тестирање на технологиите и основните елементи на копнената роботика, велат од Фондот за перспективни истражувања. ФПИ е должен до крајот на јули годинава да ги заврши тестирањата на пет примероци на „Маркер“ на платформи на тркала и гасеници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче