Експерименталниот руски борбен робот „Маркер“ може да стане платформа за носење беспилотни летала за еднократна употреба. Неодамна овој робот беше тестиран со боев модул кој беше опремен со митралез ПКТ калибар 7,62 мм и противтенковски ракети, пренесува веб-порталот РГ.
„Имаме во план „Маркер“ да го опремиме со беспилотни летала кои ќе обезбедат извидување на непријателските позиции, како и нивно уништување“, изјави за веб-порталот РИА „Новости“ првиот човек на Научно-техничкиот совет на Фондот за перспективни истражувања Виталиј Давидов.
Модулот опремен со беспилотни летала овозможува нивно лансирање во автоматски режим на работа, поточно, истовремена употреба на голем број беспилотни летала кои формираат рој („камикаѕе-дронови“). Овој рој ќе биде во состојба да неутрализира десетици непријателски цели на првата линија на фронтот и неговата поблиска тактичка длабочина. Секој од овие камикаѕе-дронови ќе може да се користи во група (рој) или индивидуално, што зависи од специфичноста на задачата.
Минатата есен беше објавен видеоматеријал со презентација на гасеничната платформа „Маркер“. Огнените тестирања според планот ќе се реализираат до крајот на оваа година.
Роботизираната борбена платформа-гасеничар „Маркер“ претставува показен демонстратор на новата технологија. Направен на модуларен принцип со откриена информациона архитектура. Како што рековме, една од главните карактеристики на овој проект е и содејство на борбениот робот со „рој“ беспилотни летала формациски организирани по групи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче