Пред една година во градското пристаниште се закотви огромната баржа „Академик Ломоносов“. На неа се наоѓа електрана напојувана од релативно мал нуклеарен реактор. Од тој момент жителите на Певек уживаат во греењето и топлата вода во своите домови благодарение на „мобилниот“ нуклеарен реактор.
Изворот на струја не е типичен реактор со огромни разладни кули, туку прв реактор од последна генерација на мали и потенцијално поуниверзални нуклеарни централи. Во овој случај, таа се наоѓа на баржа што плови недалеку, во Северниот леден океан.
Пресс-служба АО "Концерн Росэнергоатом" / Sputnik
Како функционира?
За разлика од другите места каде нуклеарната енергија се користи за производство на електрична енергија, нуклеарната баржа во Певек работи на поинакви принципи. Обично големите нуклеарни централи од овој тип што се наоѓаат во Америка, Европа и Азија произведуваат струја која потоа се користи во системите за греење во станбените реони.
Лев Федосеев / TASS
Додека пловечката нуклеарна централа кај Певек ја испраќа топлината директно од реакторот до станбените домаќинства преку систем на таканаречени водени јамки и се разменува топлина, која ја задржува водата контаминирана од радиоактивни честички во електраната, а ја транспортира топлината преку цевките што го снабдуваат градот.
Пресс-служба АО "Концерн Росэнергоатом" / Sputnik
Што мислат за тоа жителите на градот
И покрај опасноста што обично се поврзува со нуклеарните централи, повеќето од 4500 жители на оддалеченото пристаниште Певек, кое лежи над северниот поларен круг на Чукотка, генерално имаат позитивен став спрема неконвенционалната технологија. И да има скептици, тие немаат можност за избор, бидејќи системот сега го покрива целиот град.
Александр Рюмин / TASS
Луѓето се тушираат, ги капат децата и планираат да ја загреваат градската парна бања со топлината што ја создава пловечка нуклеарна централа, која некои станари можат да ја видат од прозорците на своите станови.
Rosatom / Global Look Press
Меѓу безбедносните мерки што ги презеде снабдувачот со нуклеарна енергија, руската државна компанија „Росатом“, воспоставена е разлика во притисокот помеѓу водата што циркулира низ зградите и разладниот јазол во електраната, што е начин да се избегне случајно истекување на радијација; електраната може да издржи надворешен удар со сила на пад на мал авион; во баржата исто така е вграден и безбедносен контејнер кој ја одржува нуклеарната централа на вода.
Што велат другите земји?
Лев Федосеев / TASS
Иако директното греење на становите со енергија од пловечка нуклеарна централа е реткост, малите реактори како оној во Певек се користени во многу земји низ годините. Сличен реактор имаа и САД, а Шведска го користеше за да обезбеди греење во делови на Стокхолм од 1963 до 1974 година.
Покрај тоа, компаниите во САД, Кина и Франција ги разгледуваат придобивките од технологијата што моментално се користи во рускиот северен град. Меѓутоа, Германија ја отфрла употребата на нуклеарна енергија по несреќата во Фукушима во Јапонија во 2011 година.
Лев Федосеев / TASS
Според научниците, употребата на овој тип мали нуклеарни реактори за директно греење на станбените блокови може да има поволно влијание врз загадувањето на животната средина, бидејќи може да доведе до декарбонизација на електричната мрежа и со тоа да ја намали емисијата на штетни гасови во атмосферата.
Getty Images
Овде дознајте повеќе за првата руска пловечка нуклеарна централа.