Мурманск-БН
Павел Љвов/SputnikФранцускиот интернет портал „Атлантико“ е загрижен од напредокот на Русија кога станува збор за системите за противелектронска борба. Според нив, најновиот руски систем за ПеБ „Мурманск-БН“ неодамна стапил на борбено дежурство во Калининградската област. Француските новинари особено ги порази податокот дека зоната на неговото дејствување е во радиус од дури 3 илјади километри. Според францускиот новинар, тоа практично значи дека на силите на НАТО кои се во Европа им се заканува парализа на електронскиот систем што ќе ја оневозможи нивната употреба. Конкретно, американските ловци од петтата генерација F-35 ќе бидат принудно приземјени поради губење на можноста за поврзување со сателитите, пренесува веб-порталот РГ.
Како конкретен пример се наведува официјално непотврден инцидент во американската воена база Ет-Танф во Сирија, покрај границата со Ирак. Според авторите на овој текст, таму на 20 октомври во вечерните часови дошло до масовно откажување на радарските системи и орудијата за ПВО, како и целосна неможност за употреба на интернет. Било невозможно да се користат дроновите и хеликоптерите. Над целата база се надвила тнр. „мртва зона“ и таа е во борбена смисла неупотреблива - исфрлена од строј.
Според францускиот автор, наскоро современите системи за противелектронско војување ќе бидат распоредени на сите оперативно-стратешки правци кои се од голема важност за Руската Федерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче