Нов контингент најмодерни автоматски пушки АК-12 испорачан на руската армија

kalashnikov.media
Автоматската пушка АК-12 користи муниција со калибар 5,45 мм. За разлика од претходните модели, новата пушка има подобрена ергономија и интегрирана „Пикатини“ шина, така што можат да ѝ се монтираат различни оптички нишани. Може да ѝ се додадат и разни тактички додатоци како вертикален држач, лампа и ласерски нишан. Пушката има и нова „проѕирна“ рамка, така што војниците сега можат да видат колку куршуми им останале, како и прилагодлив кундак кој ја зголемува прецизноста на ограничен простор.

Контингент нови автоматски пушки АК-12 им беше испорачан на извидничките единици на комбинираната армија на Источниот воен округ кои се наоѓаат во Република Бурјатија. На воените полигони припадниците на овие формации почнаа да се запознаваат со новото формациско оружје во вид на теоретска и практична обука со боево гаѓање.

Автоматската пушка АК-12 користи муниција со калибар 5,45 милиметри. За разлика од претходните модели, новата пушка има подобрена ергономија и интегрирана „Пикатини“ шина, така што на неа може да се монтираат различни оптички нишани. На оружјето може да се додадат и разни тактички додатоци како вертикален држач, лампа и ласерски нишан. Пушката има и нова „проѕирна“ рамка, така што војниците сега можат да видат колку куршуми им останале, како и прилагодлив кундак кој ја зголемува прецизноста на ограничен простор. На АК-12 ќе може да се монтира потцевен фрлач на гранати со калибар 40 мм.

Масата на АК-12 изнесува 3,2 кг, без стандардната рамка наполнета со муниција. Брзината на стрелба е 700 куршуми во минута. Оружјето е во состојба да погоди мета со големина на човек на далечина и до 1000 метри.

Врз основа на автоматската пушка АК-12, која е во арсеналот на руската армија од 2018 година, може да се произведуваат различни верзии на стречечко оружје со различен калибар и намена. Покрај стандардната воена верзија, ова оружје ќе има и своја цивилна варијанта.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња